Го живеам сонот од детството » SKALA School

Го живеам сонот од детството

1954 Comments off кариера
Интервју: Натали Наумова, студент на Академијата за моден дизајн

Разговараме со Натали Наумова – студент на Академијата за моден дизајн.

Беше дел од Академијата за моден дизајн. Како се роди љубовта кон модата и со какви дизајни/ модели/ цртежи конкурираше?

Љубовта кон модата се роди уште од многу мали нозе, кога слободното време го поминував во цртање креации. Иако, тие беа смешни и детски, сепак тоа го правев со огромна љубов и задоволство и постојано се трудев да бидам што подобра. Подоцна, модата стана и моја професија, така што моментално на некој начин го живеам мојот сон од детството и се стремам кон негово целосно исполнување.

На Aкадемијата конкурирав со голем број на цртежи од мои лични модни колекции, неколку готови парчиња облека кои ги имав изработено за време на студиите по дизајн на факултет како и неколку модни фотографии со мои дизајни.

Сега си дел од модната куќа Bella. Во кој дел/ област најмногу ти помогнаа да се усовршиш часовите на академијата?

На прво место ќе ги ставам часовите по конструкција на облека и техники на кроење и шиење со професорот Никола Булески, бидејќи многу ми помогнаа во однос на техничкиот аспект на дизајнирањето на облеката. Во моментот, работам како моделар во Bella, така што конструкцијата на облека, моделирањето и градирањето се дел од секојдневната работа што ја извршувам на работното место. Благодарение на тие часови, многу полесно ми беше во почетокот да се приспособам на работната позиција. Секако, учењето е процес кој не застанува со завршувањето на академијата, така што сѐ уште секојдневно стекнувам нови знаења и искуство во однос на моделирањето и конструкција на облека.

Професор кој е моја модна инспирација е Никола Ефтимов, кој е навистина инспиративна личност во секој поглед и никогаш не престанува да ме воодушевува со огромното знаење и креативност што ги поседува.

Би дизајнирала дело за колегата не би дизајнирала за колегите бидејќи сите сме многу различни во секој поглед, тоа не прави и посебни, а дружбата секогаш позабавна.

Најмногу ме мачеа домашните на Александра Јовановска по модна илустрација бидејќи беа во голем број и секој пат моравме да употребиме некоја нова техника на цртање и многу креативност, но сепак тоа беше мачење во позитивна смисла бидејќи мене лично втора љубов после модата ми е цртањето.

На часовите по цртање научив дигитална илустрација, која многу често се користи во денешно време и мислам дека е неопходно секој моден дизајнер да има познавање од истата. Најголемата предност е тоа што помош на компјутерските алатки дури и оние кои мислат дека немаат доволно талент за цртање можат да направат одлични модни илустрации.

Ако не се вработев во Bella најверојатно би продолжила со учење и усовршување и би започнала свој моден бренд.