МОДЕН ДНЕВНИК / ХРИСТИНА МЛАДЕНОВА » SKALA School

МОДЕН ДНЕВНИК / ХРИСТИНА МЛАДЕНОВА

306 Comments off кариера, Студенти


МОДЕН ДНЕВНИК #1

на Ева Поп Таневска


Опсервирај, учи, создавај, покажи.
Сакаш да запознаваш и осознаваш, да истражуваш и фантазираш? Да го откриеш непознатото и достигнеш невозможното… Со само една замисла и идеја, ти бестрашно се впушташ во креирање на секојдневието. Секојдневие каде што МОДАТА го движи, менува и обликува светот на постоечкото, но и новото и непознатото!


Јас, Ева Поп Таневска, ја имам таа привилегија да ги следам процесите на моите колеги/колешки од Академијата за моден дизајн, во Школата за дизајн и уметност Џолев и уметностите. Целта на овој моден дневник е да ги архивирам и документирам нивните процеси и проекти. Ќе започнам со Христина Младенова, која ни го открива развојот на еден нејзин студентски проект во процес. Таа ми раскажа за миксот помеѓу традицијата и екстравагантноста.


Од самиот момент кога менторот Никола Ефтимов ни ја додели задачата [да одберeме модна куќа како инспирација за новата мини колекција], Христина знаеше дека нејзиното решение лежи во спојот помеѓу екстравагантноста на и уметничките дела на Kamisaka Sekka, кои особено и се драги поради нејзината уметничка позадина.
Овие две големи уметнички имиња, раскажуваат цела приказна за соединувањето на она што веќе го знаеш, го гледаш и го чувствуваш. Животната приказна и креациите на Alexander McQueen имаат големо влијание на нејзиното творештво, а истовремено го обожава и стилот на традиционални јапонски уметнички дела.
Спојот на модата во времето на Kamisaka Sekka и елегантноста, уникатноста и екстравагантноста на Alexander McQueen создава нешто ново и препознатливо. Животните искуства и приказни, пасијата, љубовта кон модата и уметноста ја натерале покрај целото црнило да ја пронајде својата светлина и шаренило.




Христина вели:

„Пораката и мислата зад оваа колекција е дека покрај се што ќе доживееме може да си ја пронајдеме ведрата и среќна страна. Пред се сакам луѓето да се чувствуваат самоуверено и удобно во своја кожа и да се прифатат онакви какви што се.”