МОДЕН ДНЕВНИК / НИКОЛА ЈОВАНОВСКИ » SKALA School

МОДЕН ДНЕВНИК / НИКОЛА ЈОВАНОВСКИ

399 Comments off кариера, Студенти


МОДЕН ДНЕВНИК #2

на Ева Поп Таневска


Опсервирај, учи, создавај, покажи.
Сакаш да запознаваш и осознаваш, да истражуваш и фантазираш? Да го откриеш непознатото и достигнеш невозможното… Со само една замисла и идеја, ти бестрашно се впушташ во креирање на секојдневието. Секојдневие каде што МОДАТА го движи, менува и обликува светот на постоечкото, но и новото и непознатото!


Се чувствувам одлично што имам шанса да зборувам и пишувам за уште едно ново создавање и креирање на моите колеги и студентите на Академијата за моден дизајн. Би сакала да ве воведам во уште еден процес. Вториот студент којшто мене ме инспирираше е Никола Ј. Тој со овој  проект сака да прикаже како од култ на млади доаѓа до целосна промена на модата.

Повторно се работи за задача којашто навидум е едноставна, но воопшто не е така. Една од најтешките задачи е да се искажеш и да допреш до некого преку она што ти го учиш и работиш, а за некого тоа е непозната сфера. Никола својата инспирација ја пронаоѓа во шеесетите години на минатиот век, времето во кое тој би сакал да живее и твори. Времето на занишаните шеесети кои биле младинско движење потенцирајќи го новото и модерното. Тоа било период на оптимизам, хедонизам и културна револуција и Лондон како глобален центар на младешката креатива и возбуда во една деценија каде доминираат младите. Тој вели дека овој период за него е посебен поради културната револуција управувана од младите нагласувајќи ја модерноста и процветот во уметноста, музиката и модата. Како клучен елемент биле модернистите како водачи на Британската инвазија. Тие усвоиле многу трендови што ќе ги имитираат многу млади луѓе, создавајќи свој начин на живот. Рок бендовите како “The Who” “The Beatles” “The Kinks” сите произлегле од субкултурата на МОD.



При самото создавање на овој проект Никола открил многу нови работи за себе си кој што не ги познавал и немал шанса се до сега, а тоа е носталгија за работи кои веројатно никогаш не ги знаел. Луѓе опседнати со мода и хедонистички култ на хипер-кул млади кои живеат во Лондон. Неговите музички херои се David Bowie, Mick Jagger, Keith Richards, George Harrison кон нив чувствува поврзаност со нивната привлечност, естетика и стил. Кај нив постои идеја за андрогинија која е поврзана со неговата силуета, дизајн естетика и недостаток на родова дефиниција. Суштината на нивната работа, исто така нивните кодови и елементи се дел од неговиот јазик. Покрај сето ова психичко и емоционално поврзување кон процесот на создавање доаѓаме и до делот како изгледа тоа создавање кај Никола. Како и сѐ останато ова е долг процес на усогласување, уредување на идеи и барање на тоа чувство без напор, органско чувство и нештата да се чувствуваат автентични. Прашањето за „добар вкус“ наспроти навестувањето на „вулгарност“. Никола вели дека никогаш не се чувствува пријатно со фригидната идеја за „добар вкус“, малку поразлично и неконвенционално е она што го сака и разбира. Неговата мисла зад оваа колекција е дека секогаш во животот има нешто што не сме го откриле и постигнале. Никогаш не ја завршуваме трката, тоа е тековен експеримент. Она што него го мотивира е откривањето на нова музика, неискористени таленти, возбудата на младоста и дека мора да гледаме кон иднината, но тоа не значи дека треба да го заборавиме минатото.




Пораката зад оваа колекција на Никола е:

„Убавината на светот, каде што живееме денес е дека модата може да биде личен начин на изразување, да му кажеш на светот: „Погледни ме и јас имам нешто да кажам!“. Јас сум заинтересиран за слики и пораки кои се втемелени во културен контекст, но во исто време треба да бидат изведени на убав начин. Модата е платформа преку којашто го правам тоа на сексуално двосмислен, радикално различен изглед за луѓе со пристап на различен начин.”