ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА ОБЛЕКА » SKALA School

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА ОБЛЕКА

727 Comments off Инфо



На иницијатива на професорот Никола Ефтимов од Академијата за моден дизајн, започната е соработка со социјалното претпријатие „КОПЧЕ” кое функционира во рамки на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Во рамките на соработката, во просториите на Школата за дизајн и уметност Џолев и Уметностите, поставени се две кутии за донации на облека, која треба да е во нослива состојба и истата треба да биде испрана и испеглана.


Од страна на Копче, донираната облека понатаму се распределува на неколку локации, меѓу кои:

  • Домови за бездомни лица;
  • Социјално загрозени лица кои добиваат ваучер за облека по претходна проценка на општинските организации;
  • Казнено поправни установи;
  • Центар за деца од улица;
  • Болници (Психијатриска болница Бардовци, Психијатриска болница Демир Капија и многу други);
  • Детски градинки.




Ве очекуваме заеднички да бидеме хумани!

Ви благодариме однапред.


Локации на Школата за дизајн и уметност Џолев и Уметностите:

  1. Ул. 50 Девизија бр.22 (Во склоп на објектот на „Јавна соба”)
  2. Ул. Благој Давков бр.16 (нас. Дебар маало)