ДРАГО МИ Е ШТО СУМ ДЕЛ ОД ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ МАРКЕТИНГ-АГЕНЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА » SKALA School

ДРАГО МИ Е ШТО СУМ ДЕЛ ОД ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ МАРКЕТИНГ-АГЕНЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

1451 Comments off Инфо, кариера, Студенти



Интервју: Бојан Матејин, алумни-студент на Академијата за визуелни уметности.

Разговарамe со Бојан Матејин, наш алумни-студент на Aкадемијата за визуелни уметности, вработен во маркетинг-агенцијата „Futura 2/2“.




За себе, би кажал дека сум личност која… сакам да го избегнам моментот каде што се нарекувам неодлучна вага, ама навистина сум, се трудам да сум секогаш позитивен и сакам да помагам на луѓето околу мене. Оптимист сум и верувам дека надежта последна умира – исто така верувам и во карма. Хехе. Не сакам да трошам време на работи  коишто не ме интересираат. 


Пред академијата… работев како фриленс-графички дизајнер и social media creator, менаџер, готвач и бариста во 2 healthy food барови.


По завршување на академијата… ја прифатив понудата за пракса од Футура 2/2, за кратко време и се вработив. Сѐ уште сум таму и ми е навистина мило и драго што сум дел од една од најуспешните маркетинг-агенции во Македонија.


Следно за мене е… сега за сега, се стабилизирав со мојата работна позиција и конечно имам време да се посветам и на некои мои проекти и планови за во иднина. Ќе бидете известени навреме! 😀

Идеално за мојата кариера би било… можеби звучи чудно, но навистина би сакал да се исполни  мојот сон да имам свое креативно студио – паралелно со бистро, во коешто ќе се служи здрава исхрана и добро кафе преку ден и пивце со мезе навечер. Best of both worlds? И јас мислам така.

Омилен ментор на академијата ми беше… клише муабет,  но навистина ми е тешко да изберам еден затоа што сите се уникатни на свој начин и се професори за коишто можам да кажам дека ми е чест и задоволство што сум присуствувал на нивните предавања и одвоиле време да го пренесат нивното знаење на мене и моите колеги. А и не сакам да се налути некој нели…. 🙁 еве 3, златна средина: класната Кристина <3 Дејан Џолев и Зоран Кардула.

Омилен час ми беше… најверојатно часот по фотографија кај Дејан Џолев, кога за задача имав реконтекстуализација на познато дело, јас ја одбрав бананата на Andry Warhol, пионирот на поп-артот (дури истетовирав и банана, кратко после ова збиднување, понесен од целата ситуација) – требаше да фотографирам и бевме во студио со уште неколку колеги (посебен поздрав до Лора и Илијана). Останавме до полноќ, испивме неколку пивца, дружбата и крајниот резултат беа феноменални. Сакам пак!

Омилени трендови во дизајнот ми се… Bauhaus movement, Swiss design / минимализам генерално и постмодернизам. Исто така и кршење на правилата и излегување надвор од некои норми или шаблони. Самоизразување и онака како што се чувствуваме во моментот и како го доживуваме проектот.

Уписите за новата генерација студенти на Академијата за визуелни уметности е во тек! Погледни повеќе на овој линк.

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА!