РEТРОСПЕКТОР: Март + Април »

РEТРОСПЕКТОР: Март + Април

2628 Comments off Инфо


Во месец март и април…

Прочитајте за успесите на нашите студенти на интернационални и домашни фестивали, вработувањата во креативните индустрии по завршување на Академиите за дизајн. Прочитајте и за активностите на нашите ментори, но и информации од неформален карактер.

Ти благодариме месец март и април! ♡


НАШИТЕ СТУДЕНТИ…


1. Студентките од академијата за ентериер и продукт дизајн на Скала

Пет студентки од Академијата за ентериер и продукт дизајн, под менторство на „Rinocca”, ги претставија во јавност своите дела изработени во текот на првиот семестар на студентската платформа „Скала Магазин“. Прочитајте ги „Скаличките“ со Марија, Сара, Мартина, Кристина и Елеонора.. ♡
 

На скалички со Марија Ифтимова
На скалички со Сара Илиевска
На скалички со Мартина Пенева
На скалички со Кристина Петровска
На скалички со Елеонора Митревска



2. Скала Магазин дел од Балканската платформа – Youth Newsroom

На почетокот од оваа година Скала Магазин стана дел од „Sphera“ – платформа за алтернативни медиуми во Европа, а од овој месец се приклучи и кон Балканската платформа на алтернативни медиуми „Youth Newsroom”, преку која ќе следат низа интересни активности. Со тоа Скала го проширува своето парнерство на соработки низ цела Европа.


3. Нов подкаст: Парк шема

Скала се зголемува со нови интересни содржини! Подкастот „Парк Шема“ на aлумни студентот Андреј Игњатовски, заедно со Петар Марковиќ стана дел од нашата студентска платформа, а првата, втората и третата епизода од втората сезона може да ја погледнете тука: https://skala.mk/category/video-audio/park-shema/


4. Мирјана Јосифовска учесник на „Skopje Fashion Festival”

Од 04 до 27 март се одржа првото издание на Skopje Fashion Festival во Skopje City Mall, каде зема учество и нашата алумни студентка – Мирјана Јосифовска. 

„На showroom-от организиран од фестивалот, кој траеше од 07-27 март ја изложив мојата колекција на шапки “The Seven”. Колекцијата се состои од 7 модели на шапки и баретки, од кои некои модели се достапни во повеќе бои, а другите се модели со две лица. Настанот беше одличен начин за дизјнерите од регионов да ги изложат своите парчиња, но иста така и да им овозможат на посетителите да ги пробаат и да ги купат изложените модели. Големо да за ваков вид на настани во иднина.“ – ни раскажа Мирјана.

Епа Мирјана, честитки и ти посакуваме многу успешни модни фестивали! 




5. Наши студенти на четврта Скала изложба

Нашите студенти Душко Ичев, студент на академијата за графички дизајн и Мануела Златкова и Ана Вчкова студентки на академијата за визуелни уметности, учествуваа на четвртата Скала изложба, која се одржа на 21 април во Јавна соба. 




НАШАТА ШКОЛА…

6. 10 години – Џолев и уметностите

Нашата Школа заокружи една деценија од првиот одржаниот час!

60+ ментори
30+ едукативни програми
2.500+ обучени лица
50+ настани со 50.000+ посетители [изложби, премиери, промоции, дискусии..
2 години Skala Magazine – дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци како и следење и поддржување на културните настани и сцена.
10 години Школа за дизајн и уметност!

Благодарни сме на вашата доверба! Благодарни сме и до целиот наставен и административен колегиум од учебната 2021/22 година, но и сите претходно изминати години! Продолжуваме да растеме заедно! ♡



7. Почеток на нова Академска програма за UX/UI+ дизајн 

Во месец март ги доделивме стипендиите за новата Академија за UX/UI+ дизајн чија настава започна на 8 април. Доделени беа вкупно шест стипендии, од кои дел од Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје и парнерските компании „Навигаторс“ и „Altius Solution”. Во наредните месеци, студентите ќе се стекнат со повеќе практични вештини и можности за кариера:UX/UI дизајн, front-end и WordPress девелопмент. Им посакуваме многу среќа и успех во наредните 9 месеци!


8. Успешно заврши Образованието е повеќе од 5.0

И оваа година, нашата Школа ги поддржа средношколците кои изминатата година ја завршиле со просек под 3.9. Беа доделени три целосни стипендии на три средношколци за бесплатно изучување на обука по избор од новата пролетна сезона.


9. Нова програма: Креативно пишување низ приказна и песна – „Писатели и пејачи“ 

Во нашата Школа се создава песна! Најмладите го започнаа своето креативно патување преку програмата насловена како  Писатели и пејачи, под менторство на поетесата Ана Гојлешка Џикова. Креативниот процес се состои од вклученост, едукација, забавно откривање на јазикот и целосна слобода на изразот на децата. 




НАШИТЕ МЕНТОРИ…



10. Гордана Вренцоска претседателка на жири

Менторката на Академијата за графички дизајн – Гордана Вренцоска е претседателка на жирито за четвртата Скала изложба со поддршка од Young Cities. Изложбата ја обработуваше темата Поларизација и истата се одржa на 21 април во Јавна Соба.




11. Менторките од Ринока на насловна на Скала

Менторките од Академијата за ентериер и продукт дизајн – Катерина Трпковска и Деспина Здравкова, познати под името на брендот „Ринока“, беа дел од насловната на изминатиот ХХХ број на Скала Магазин. Нивното интервју со главниот уредник Дејан Џолев може да го прочитате тука.




12. Менторот Кардула со 2 нови изложби

Во изминатиот месец, постерите на менторот Зоран Кардула беа дел од групната поставката “Transformations!” на Галеријата Сакура во Париз. Потоа, тој се претстави и во Тирана со изложбата насловена како „The females and few males”. Му честитаме и посакуваме огромни успеси во иднина!




13. Никола Булески и Ирина Тошева со учество на настан УНДП

Менторите на Академијата за моден дизајн, Никола Булески и Ирина Тошева беа дел од настанот “Skills4Future week” каде што ги претставија своите мислења преку панел дискусија за темата: “Како дигиталните трансформации се голем предизвик за модната индустрија?“. Погледнете дел од атмосферата: https://www.facebook.com/skills4future.mk/posts/151589467329172 




14. Бане Наумовски со сопствена изложба 

Ликовниот уметник, Бане Наумовски  ја претстави својата изложбена поставка изминатиот месец во МКЦ, насловена како ,,ПУКНАТИНИ / ТРАНСФОРМАЦИИ”. Овој проект се занимава со „конкретноста на расцепнатото наспроти смиреноста на деловите од површините“.





15. „Актер – човек“ во режија на Теа Беговска | Даријан Петров дел од актерската екипа

Теа Беговска, менторка на обуката за филмски актер со две нови изведби на претставата Актер – човек во МКЦ и на фестивалот “Keza festa” во Бања Лука за светскиот ден на театарот – 23 март. Во актерската екипа е и нашиот ментор на детските програми за драмски актер, Даријан Петров.




16. Петар Џон со анимации за „Омаж“

Менторот на Академијата за визуелни уметности, Петар Џон ги визуелизираше музичките дела на неодамна починатиот македонски композитор Томе Манчев. Делата беа претставени на настанот „По стапките на проф. д-р sci Томе Манчев“ одржан во Кинотека на 27 април. 




Се читаме следен месец!


Погледни што се случуваше во месец јануари и февруари тука.
10 години Школа за дизајн и уметност “Џолев и уметностите”.

Уписите за новата генерација студенти на Академиите за дизајн: // графички дизајн // моден дизајн // дизајн на ентериер // визуелни уметности // и веб дизајн // се во тек! Погледни повеќе на овој линк.