Нашите „Скала“ студенти на пракса! 2.0
академија-за-дизајн-скала-џолев-пракса

„Скала“ студентите од Академиите за ентериер, моден дизајн и визуелни уметности на пракса!

804 Comments off кариера, Студенти

Преку 60 студенти од Скала-Школата за дизајн, уметност и технологија, летово ја имаа можноста откако ги завршија циклусот студии, да влезат во практична примена на своите знаења во различни компании.

Издвојуваме тројца од нив кои веќе се на пракса и ни раскажаа какво им е искуството периодов додека се во различни компании.


Ја прашавме Гаја Смилевска, наша студентка на Академијата за визуелни уметности која е веќе на пракса во дизајн студиото Кома. Си зборнавме и со Марија Трајковска, студентка на Aкадемијата за моден дизајн која e на пракса во модната компанија Bella. Како се чувствува на пракса и кои и се активностите, ни сподели и Кристина Петровска, студентка на Академијата за ентериер и продукт дизајн, која во моментов работи на проект во Stone Design студиото.


Гаја Смилевска


Гаја ни сподели позитивни впечатоци која во Koma студиото за дизајн како Графички дизајнер, веќе ужива во работата.

Koma студиото за дизајн постои повеќе од 10 години како графичко студио и печатарски услуги, а најпознати се на пазарот по брендирањето и целосни графички идејни решенија за неколку домашни фестивали, како и дизајн на литература и детски книги.

Кога првпат стигнав на пракса, неочекувано се почувствував – изгубено! Чекав всушност, да ми каже некој што треба да правам. Но, брзо сфатив – доколку сакаш да ја добиеш работата, треба самиот да си ја побараш. Од тогаш, сите креативни предизвици кои ми ги пружа овој месец работа, можев да ги совладам во опуштената атмосфера на дизајн студиото Кома во кое сум.


Марија Трајковска


Марија пак ни сподели интересно искуство од нејзината пракса во модната компанија Bella.

Bella e македонски моден бренд кој активно и успешно гради професионална приказна повеќе од 30 години на домашниот и локален пазар, промовирајќи ја визуелната приказна за современата и модерна жена.

Праксата во Bella многу ме радува, затоа што сите колеги со кои работам се пријателски расположени и многу вложуваат во мене, сакајќи да го пренесат нивното знаење. На почетокот бев многу возбудена и исплашена, затоа што не знаев што ме чека. Со текот на времето, си го наоѓам своето „место“ и веќе се опуштам. Во Bella сум месеципол, сега е посериозна работата, навлегов во сите елементи на работењето во пракса. Можам да кажам дека има голема разлика од тоа кога бев студентка на Академијата, бидејќи тука веќе сум вклучена во реалниот, сериозен процес во кој морам да се снаоѓам. Но, е преинтересно!


Кристина Петровска

академија за ентериер дизајн-скала-џолев-пракса


Кристина Петрова, која е на пракса во Stone Design студиото за ентериер, има поинакво но сепак драгоцено искуство.

Stone Design студиото за ентериер има повеќе од 20 години меѓународно искуство на проекти, како и проширена мрежа на консултанти, партнери и советници низ Европа. Студиото е вклучено во повеќе од 400 проекти во областа, како лидер на инженерскиот тим или дел од поголеми меѓународни тимови.

Поради извесни околности, праксата не можеше да се одвива со физичко присуство, но тоа не ме попречи во работењето – работам на проект од компанијата и задоволна сум од атмосферата и работата.

И ние се радуваме со вас, девојки!
Продолжете да бидете кул и учете, создавајте, менувајте се и секогаш уживајте во професионалната надградба!


✰ ✰ ✰

Уписите за новата Академска 2022/23 година се во тек.

Уписите за 14 обуки од областа на дизајнот, уметностите и технологија се во тек!