ФОТО ИМПРЕСИИ // П(Р)ОЛЕТ- СТУДЕНТСКА ИЗЛОЖБА
П(Р)ОЛЕТ - студентска изложба за обуките од сезона XXII

ФОТО ИМПРЕСИИ // П(Р)ОЛЕТ- СТУДЕНТСКА ИЗЛОЖБА

885 Comments off Инфо, Студенти

На 25 февруари во 20:00 часот, Јавна соба беше вистинско собиралиште на сите што сакаат уметност. Вечерта беше поставена завршна ИЗЛОЖБА на фотографии и слики од Курсот по Фотографија, Цртање и сликање, како и модели од Кроење и шиење.


Погледнете ја атмосферата и расположението на гостите и учесниците. Многу фотографии, многу уметнички дела и навистина голем број посетители кои сакаа да „украдат“ момент од вечерта. Не можевме да влеземе и да ја отвориме изложбата од толку многу гости!



Беа изложени дела од курсевите: Фотографија, Цртање и сликање и Кроење и шиење. Во еден момент, навистина немаше празен простор во „Скала галеријата“. Беше преполно од луѓе, студенти, посетители, пријатели кои ги фотографираа делата и уживаа во изложбата.


Уписите за новата сезона на ОБУКИ се во тек, но вие можете да направите предрегистрација на следниов линк.


Изложбата ја отвори Ана Голејшка Џикова, дел од маркетинг тимот на Скала Школата за дизајн, уметност и технологија, која им посака успех на сите 90 студенти кои успешно ја завршија сезоната 2022/23.



Освен отворената изложба, збор дадоа и менторите на програмите, кои споделија какво им беше искуството со студентите и ги пофалија нивните креативни заложби и дела.


Менторот на курсот по фотографија, Драги Неделчевски изјави:

Многу сум среќен што сите овие студенти овде, работеа и ги создадоа своите дела и сега можат да чекорат напред кон новите предизвици во уметноста. Најважно од сѐ е што овие фотографии што ги гледате, не се само уметност, тоа се нивните личности, нивните идеи презентирани во галерија.


Вечерта беа доделени и СЕРТИФИКАТИ за целата XXII сезона на обуки и курсеви кои се реализираа во период од октомври 2022 до јануари 2023 година.



ОБУКИ СЕЗОНА XXII:

• ФОТОГРАФИЈА

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

• ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА

ADOBE ILLUSTRATOR: ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ADOBE PREMIERE: ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА

ADOBE AFTER EFFECTS: MOTION DESIGN И АНИМАЦИЈА

• BE FREE. BE FREELANCER

Честитки до сите нив!

Уписите за новата XXIII сезона на ОБУКИ се во тек, може да се пријавите на следниов линк.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, УПИСИТЕ ЗА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА 2023/24 СЕ ВО ТЕК!