Работам со многу брендови и секој ден е предизвик! – На пауза со Бојан Матејин од „Публицис“

Првата пауза му припадна на Бојан Матејин, наш алумни студент на Академијата за визуелни уметности, кој неколку години работи во маркетинг агенцијата „Публицис“. На пауза се симна до локалното кафуле. Го прашавме неколку прашања на кои тој со задоволство и во негов стил ни одговори.