курс

ADOBE PREMIERE: ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА

ADOBE PREMIERE: ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА

By: dejansmilevski Date: Дек 14, 2020

Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на програмата Adobe Premiere Pro – софтверска апликација за уредување на видеа. Покрај техничкиот аспект, студентите ќе имаат можност да се запознаат со елементарните принципи во филмската и ТВ монтажа.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
FUSION 360 + CURA: 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

FUSION 360 + CURA: 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

By: valentindaniloski Date: Дек 14, 2020

На оваа програмата ќе се совладаат софтверите Fusion 360 и Cura за потребите на 3Д моделирање.
Сите учесници ќе имаат можност да скицираат на таблети, се до финален 3Д прототип со печатење на 3Д принтери.
Програмата е препорачлива за сите дизајнери на ентериер и мебел, индустриски и продукт дизајнери, гејм дизајнери и илустратори.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ADOBE AFTER EFFECTS: МОУШН ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА

ADOBE AFTER EFFECTS: МОУШН ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА

By: petarjohn Date: Дек 14, 2020

Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на Adobe After Effects – софтверска апликација за дигитални визуелни ефекти, моушн график, композитинг и 3Д моделирање, кои најчесто за користат за постпродукција на филм, видео игри и телевизиска продукција.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА

ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА

By: djolev Date: Авг 28, 2020

Задолжителна програма за секој фотограф! Ментор на програмата „Курс по постпродукција на фотографија“ која ќе се реализира по осумнаесетти пат е Дејан Џолев (филмски режисер и визуелен артист).
Во текот на курсот учесниците креативно ќе ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

By: aleksandrapepica Date: Авг 28, 2020

Целта на оваа програма е да се изучат основите на маркетинг за социјални медиуми. Креирање содржина, спонзорирање, разни дигитални тактики и стратегии преку примери. Користење на алатки за анализа на резултати и комуницирање со краен корисник.

Опфаќа креирање (дизајнирање) на креативи за социјални медиуми. Нивна адаптација во димензии и соодветни визуелни промени според каналот (Facebook, Instagram, Linkedln, Twitter…) како и останати веб банери (Google Ads).

При тоа студентите ќе имаат можност да направат кратка видео анимација од фотографии, преку која ќе прикажат движење на фотографиите, кои ќе содржат текст.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ADOBE INDESIGN: ТИПОГРАФИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТ

ADOBE INDESIGN: ТИПОГРАФИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТ

By: vlatko Date: Авг 28, 2020

Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на програмата Adobe InDesign. Софтверската апликација InDesign се користи за креирање на постери, флаери, магазини и книги.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
3D CAD: 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ

3D CAD: 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ

By: ilijapaunkov Date: Авг 28, 2020

Oваа програма има за цел изучување на Cad моделирање за кој се користи софтверот RHINO (кој дозволува моделирање на објекти со димензии) и рендерирање што ќе се изучува преку софтверите 3DSMax + Vray.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА

МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА

By: aleksandra Date: Авг 28, 2020

Преку курсот за модна илустрација учесниците ќе ги истражат начините на цртање на дизајнерска колекција. Целта е да се добие дефинирана модна фигура на хартија и развивање на навика за експериментирање со различни материјали при презентирање на модната колекција.

Курсот се препорачува како почетна точка за оние кои сакаат да ги развијат своите цртачки вештини во основните области на модната илустрација.

Програмата е наменета за оние кои сакаат да ги развијат своите вештини за цртање и да соберат портфолио потребно за успешно да продолжат со студиите по мода.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ФИЛМСКА РЕЖИЈА

ФИЛМСКА РЕЖИЈА

By: djolev Date: Авг 28, 2020

Курсот „Филмска режија” претставува елементарно запознавање со процесите на создавање филм или филмска форма, преку практични предавања, филмски проекции и анализи, како и теренски филмски вежби во студио, ентериер и екстериер со филмска опрема и филмски соработници, како и постпродукција и обработка на филмска слика и монтажа во дигиталните софтвери ADOBE Premiere и ADOBE Audition.

ЦЕЛ: Во текот на програмата секој од учесниците ќе биде дел од работен процес (од идеја до снимање кратка филмска форма), која подоцна премиерно ќе биде проектиран на големото филмско платно во „Кинотека на Македонија“. Исто така учесниците ќе имаат можност активно да се вклучат кон создавање на краток игран филм во рамки на програмата „Обука за филмски актер”. На крајот од програмата се доделува Сертификат за успешно реализирана програма.

ОДРЖАН
No student enrolled Free
649 Comments off
NUDE ФОТОГРАФИЈА

NUDE ФОТОГРАФИЈА

By: vladimirt Date: Авг 28, 2020

Eкслузивна работилница за NUDE ФОТОГРАФИЈА под менторство на Владимир Тасевски.
Учесниците практично ќе се запознаат со оваа еротска фотографска дисциплина, преку: анализа на нејзината естетика, суштината и комплексноста во нејзиното работење, сензуалноста наспроти цензурата, развој на идеја и концепт, запознавање со техниките на осветлување, комуникација со модел, етиката и кодекс на однесување.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ

ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ

By: eftimov Date: Авг 28, 2020

Со оваа програма студентите ќе ја совладаат методологијата на дизајнерска работа на модни додатоци, започнувајќи од анализа на целната група и начини на интерпретација на инспирацијата/темата, преку спецификите на технолошкиот процес за производство на одделни модни додатоци, до развој на финални дизајнерски решенија и нивна презентација во портфолио (илустрација и технички цртежи) и насоки за презентација на пазар, преку симулирани ситуации. Воведните предавања се наменети за совладувањето на класификацијата на модните додатоци.

**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
1434 Comments off
ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ

ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ

By: eftimov Date: Авг 28, 2020

Програмата има за цел да им овозможи на студентите да ја совладаат дизајнерската методологија за развој на рачно плетени модни производи и да ги научат базичните техники на рачно плетење. На глобалниот пазар, покрај понудата на веќе етаблираните имиња на модната сцена, се зголемува и бројот на млади дизајнери кои целосно или дел од модната понуда ја базираат на рачно плетени производи (облека и модни додатоци).

**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00

0 Comments on “

    Leave a Comment

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *