курс

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Авг 28, 2020

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на Доротеј Нешовски, во соработка со ликовниот уметник Маргарита Симовска.

Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
1766 Comments off
ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: mare Date: Авг 28, 2020

Програмата „Курс за техники на кроење и шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).

Започувајќи со откривање на формата на телото и создавањето на основен крој овој курс ќе ве води низ процесот на конструирање на облека.

За време на часовите ќе се обрне посебно внимание на употребата на неопходните алатки за успешна реализација на проектните задачи и употребата на машина за шиење.

Крајната цел на овој курс е покрај усвојувањето на знаење за конструирање на различните видови на панталони, воедно и да се совладаат основните техники за шиење. Со совладувањето на овие вештини на крај на курсот секој учесник ќе биде во можност да изработи најмалку два примероци на панталони.

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од осум неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ФОТОГРАФИЈА

ФОТОГРАФИЈА

By: dragi Date: Авг 28, 2020

Курсот по фотографија е под менторство на фотографот Драги Неделчевски во соработкa со мултимедијалниот уметник Дејан Џолев и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…

Програмата ќе се одржи по дваесетти пат и досега се обучени повеќе од 500 фотографи!

На крајот од три месечниот курс, учесниците ќе ги изложат своите најдобри дела на групна изложба, каде ќе бидат доделени сертификати за постигнатиот труд.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Мај 31, 2020

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

Ментори на програмата се Доротеј Нешовски и Маргарита Симовска.

ОДРЖАН
No student enrolled Free
ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА

ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА

By: saradarijan Date: Апр 09, 2020

„Читање под маски“ претставува едукативна онлајн програма која се состои од драмско читање на кратки детски поучни раскази (бајки), преку актерска импровизација и имитација на двајцата млади актери Сара Анастасовска и Даријан Петров.

Проектот „Читање под маски“ е дел од детските секции: Kids and the Arts, при Школата за дизајн и уметност „Џолев и Уметностите“, поддржан од „ЕU со тебе“. Програмата е препорачлива за деца над 4 години.

ОДРЖАН
No student enrolled Free

0 Comments on “

    Leave a Comment

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *