џолев и уметностите
ADOBE AFTER EFFECTS: МОУШН ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА
Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на Adobe After Effects – софтверска апликација за дигитални визуелни ефекти, моушн график, композитинг и 3Д моделирање, кои најчесто за користат за постпродукција на филм, видео игри и телевизиска продукција.
ПОЧЕТОК:
01.11.2022ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР
Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.
KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, ќе го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.
ОДРЖАН
ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
Целта на оваа програма е да се изучат основите на маркетинг за социјални медиуми. Креирање содржина, спонзорирање, разни дигитални тактики и стратегии преку примери. Користење на алатки за анализа на резултати и комуницирање со краен корисник.
Опфаќа креирање (дизајнирање) на креативи за социјални медиуми. Нивна адаптација во димензии и соодветни визуелни промени според каналот (Facebook, Instagram, Linkedln, Twitter…) како и останати веб банери (Google Ads).
При тоа студентите ќе имаат можност да направат кратка видео анимација од фотографии, преку која ќе прикажат движење на фотографиите, кои ќе содржат текст.
ОДРЖАН
ADOBE INDESIGN: ТИПОГРАФИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТ
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОБУКА ЗА СЕКОЈ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР!!
Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на програмата Adobe InDesign. Софтверската апликација InDesign се користи за дизајн на книги, списанија, брошури, презентации… Но исто така посебно внимание ќе се обрне на типографијата, класификација на писма, видови фонтови, нивно користење преку комбинации и хиреархија на текст и подредување.
ПОЧЕТОК:
01.11.2022МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА
Преку курсот за модна илустрација учесниците ќе ги истражат начините на цртање на дизајнерска колекција. Целта е да се добие дефинирана модна фигура на хартија и развивање на навика за експериментирање со различни материјали при презентирање на модната колекција.
Курсот се препорачува како почетна точка за оние кои сакаат да ги развијат своите цртачки вештини во основните области на модната илустрација.
Програмата е наменета за оние кои сакаат да ги развијат своите вештини за цртање и да соберат портфолио потребно за успешно да продолжат со студиите по мода.
ОДРЖАН
NUDE ФОТОГРАФИЈА
Eкслузивна работилница за NUDE ФОТОГРАФИЈА под менторство на Владимир Тасевски.
Учесниците практично ќе се запознаат со оваа еротска фотографска дисциплина, преку: анализа на нејзината естетика, суштината и комплексноста во нејзиното работење, сензуалноста наспроти цензурата, развој на идеја и концепт, запознавање со техниките на осветлување, комуникација со модел, етиката и кодекс на однесување.
ОДРЖАН
ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ
Со оваа програма студентите ќе ја совладаат методологијата на дизајнерска работа на модни додатоци, започнувајќи од анализа на целната група и начини на интерпретација на инспирацијата/темата, преку спецификите на технолошкиот процес за производство на одделни модни додатоци, до развој на финални дизајнерски решенија и нивна презентација во портфолио (илустрација и технички цртежи) и насоки за презентација на пазар, преку симулирани ситуации. Воведните предавања се наменети за совладувањето на класификацијата на модните додатоци.
**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.
ОДРЖАН
ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ
Програмата има за цел да им овозможи на студентите да ја совладаат дизајнерската методологија за развој на рачно плетени модни производи и да ги научат базичните техники на рачно плетење. На глобалниот пазар, покрај понудата на веќе етаблираните имиња на модната сцена, се зголемува и бројот на млади дизајнери кои целосно или дел од модната понуда ја базираат на рачно плетени производи (облека и модни додатоци).
**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.
ОДРЖАН
ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ
Предмет на оваа програма е запознавање со мултидисциплинарната наука, која бара објективно испитување на уметноста низ времето, класифицирајќи ги културите и создавајќи периодизации преку набљудување на специфичните и влијателни карактеристики на уметноста.
Научете за визуелната уметност која произлегува од секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот.
ОДРЖАН
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР
Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.
KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, ќе го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.
ОДРЖАН
ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА
„Читање под маски“ претставува едукативна онлајн програма која се состои од драмско читање на кратки детски поучни раскази (бајки), преку актерска импровизација и имитација на двајцата млади актери Сара Анастасовска и Даријан Петров.
Проектот „Читање под маски“ е дел од детските секции: Kids and the Arts, при Школата за дизајн и уметност „Џолев и Уметностите“, поддржан од „ЕU со тебе“. Програмата е препорачлива за деца над 4 години.
ОДРЖАН
Креирање на моден бренд • Јована Филиповиќ
Мастер клас е специјализирана интерактивна програма водена од страна на експерт во одредена дисциплина, наменета за професионалци, студенти и љубители од областа на дизајнот и уметностите.
„Креирање на моден бренд“, претставува (тридневен) Мастер клас на модниот дизјанер и креативен директор Јована Филиповиќ.
Програмата ќе ги посочи учесниците како да го изберат вистинскиот пат во кариерата или да градат сопствен моден бизнис преку примена на специфични теми, лични искуства и знаења. Ќе им помогне да ги разберат сопствените вредности и да ги применат истите при наоѓање на пракса, работа или започнување на сопствен бренд.
Во текот на Мастер класот ќе биде презентирана корисна литература, видеа и задачи кои ќе помогнат при дополнително разјаснување и зајакнување на научените техники и вештини.
Програмата е препорачлива за студенти на моден дизајн и моден бизнис, модни дизајнери заинтересирани да додадат менаџерски аспект на нивниот естетски пристап како и за професионалци со искуство во модната индустрија.