Courses - Djolev And The Arts

џолев и уметностите

Дали можеш да ја уловиш реалноста? • Тамара Котевска

By: tamara Date: Мар 27, 2020

Мастер клас е специјализирана интерактивна програма водена од страна на експерт во одредена дисциплина, наменета за професионалци, студенти и љубители од областа на дизајнот и уметностите.

„Дали можеш да ја уловиш реалноста?“, претставува прв и ексклузивен (тридневен) Мастер клас на Тамара Котевска во Македонија, по предавањето на Беркли (Berkeley) Универзитетот во Калифорнија, Филмскиот Универзитет во Хонг Конг и фестивалот Doc Nomads.

Сите учесници на програмата ќе имаат можност да се запознаат со севкупното творештво на Котевска преку практични примери од творечките и фестивалски искуства, од нејзини почетоци во филмската уметност, па сѐ до Оскарите.

Како дел од програмата е предвидено, секој од учесниците да развие концепт за документарен филм и предлог визуелизација.

Секој од учесниците ќе добие Сертификат за учество на тридневен Мастер клас за Документарен филм под менторство на Тамара Котевска во организација на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ во соработка со „Иститут за дизајн и технологија – Скопје“.

ОДРЖАН
No student enrolled Free
1332 Comments off