Courses - SKALA School

курсеви

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Авг 02, 2022

 

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на ликовните уметници и едукатори Доротеј Нешовски и Маргарита Симовска.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачки и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, јаглен, туш, пастел,
акварел и акрил).

 

Сите материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална галериска изложба на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

ПОЧЕТОК:
11.05.2024
No student enrolled €185.00
10663 Comments off
ФОТОГРАФИЈА

ФОТОГРАФИЈА

By: draginov Date: Јун 02, 2022

 

ЗА СИТЕ ФОТОГРАФИ КОИ САКААТ ДА РАСКАЖАТ ВИЗУЕЛНИ ПРИКАЗНИ И ДА ЗАПОЗНААТ НОВО ГОЛЕМО КРЕАТИВНО ДРУШТВО!

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност креативно да ги искористат вредностите на фотографијата, од технички (бленда, експозиција, исо, баланс…), ликовен (композиција, боја, контраст, текстура…) и драматуршки аспект, како и запознавање на сите типови на светло и обработка и монтажа на фотографија.

 

По завршување на секој час, учесниците добиваат дигитална скрипта.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална галериска изложба на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.
 

ПОЧЕТОК:
30.03.2024
No student enrolled €285.00
17012 Comments off
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР

By: saradarijan Date: Дек 17, 2020

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, ќе го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

ОДРЖАН
No student enrolled Free
3044 Comments off
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР

By: saradarijan Date: Мај 31, 2020

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, ќе го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

ОДРЖАН
No student enrolled Free
2877 Comments off