ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

By: nebojsa Date: Окт 12, 2019

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ЗА СЕКОЈ УМЕТНИК И ДИЗАЈНЕР

…како и вљубеници на философијата, историјата на уметностите, естетиката… предложуваме естетски дискурси со проф. Небојша Вилиќ, во пријатен и неформален амбиент.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
1108 Comments off
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doro Date: Окт 12, 2019
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).

ПОЧЕТОК:
07.06.2020
No student enrolled €145.00
1455 Comments off
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

By: zoran Date: Авг 15, 2019

ВРЕМЕТРАЕЊЕ  12 термини • 36 часа ПОЧЕТОК  16ти март ТЕРМИН  Понеделник, 17:00ч. – 19:30ч.   ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]   РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  15ти мај [бројот е ограничен: 10]   ЦЕНА  165€ [плаќање на 2 месечни рати] ПОПУСТ  10% за уплата во готово на целиот износ.   НАЧИН НА […]

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
1400 Comments off
МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА

МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА

By: aleksandra Date: Мар 15, 2019

Преку работилницата за модна илустрација учесниците ќе ги истражат начините на цртање на дизајнерска колекција. Работилницата ќе се одвива два дена со траење на дневен час од 180 минути.

Целта е да се добие дефинирана модна фигура на хартија и развивање на навика за експериментирање со различни материјали при презентирање на модната колекција.

Дводневната работилница се препорачува како почетна точка за оние кои сакаат да ги развијат своите илустрациски вештини во основните области на модната илустрација.

Не е потребно искуство со цртање за да ја преземете оваа програма. Работилницата е наменета за оние кои сакаат да ги развијат своите вештини за цртање и да соберат портфолио потребно за успешно да продолжат со студиите по мода.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
691 Comments off
СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

By: nikola Date: Мар 15, 2019

Поради непостоењто на константно активна сцена на современата уметност во Македонија, и скоро непостоечките интерес за значењето на визуелната уметност во општата јавност, предложуваме предавања за современа уметност, како таа да се чита и разбере и зошто таа е важна посебно таку каде што недостасува.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
590 Comments off
NUDE ФОТОГРАФИЈА

NUDE ФОТОГРАФИЈА

By: vladimirt Date: Мар 13, 2019

Eкслузивна работилница за NUDE ФОТОГРАФИЈА под менторство на
Владимир Тасевски и Дејан Џолев.
Учесниците практично ќе се запознаат со оваа еротска фотографска
дисциплина, преку: анализа на нејзината естетика, суштината и
комплексноста во нејзиното работење, сензуалноста наспроти
цензурата, развој на идеја и концепт, запознавање со техниките на
осветлување, комуникација со модел, етиката и кодекс на однесување.
СЕКОЈ УЧЕСНИК ЌЕ ИМА МОЖНОСТ ДА ПОСТАВИ ДВА СЕТА
[ВО ЕКСТЕРИЕР И ЕНТЕРИЕР], КАДЕ СО ПОМОШ НА МЕНТОРИТЕ ЌЕ ЈА
РЕАЛИЗИРААТ СВОЈАТА ИДЕЈА ПРЕКУ ИНДИВИДУАЛНО
РАБОТЕЊЕ СО ЖЕНСКИ NUDE МОДЕЛ.

НAПОМЕНА:
• Заинтересираните лица треба да имаат +18 години, за +16 ќе биде
потребна писмена потврда од родител/старател.
• Секој учесник задолжително ќе склучи договор за соработка,
вклучително и (model release).
* Автор на фотографиите од брошурата: Владимир Тасевски.
– цензурата на објавените фотографии е поради маркетинг политиката на
социјалните медиуми.

НА КРАЈОТ ОД ТРОДНЕВНАТА РАБОТИЛНИЦА, УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ГИ
ИЗЛОЖАТ СВОИТЕ НАЈДОБРИ ДЕЛА НА ГРУПНА ИЗЛОЖБА, КАДЕ ЌЕ
БИДАТ ДОДЕЛЕНИ И СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОСТИГНАТИОТ ТРУД.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
659 Comments off
ПСИХОЛОГИЈА

ПСИХОЛОГИЈА

By: stefan Date: Мар 13, 2019

Предавањата се одржуваат во нестандарден амбиентален формат: комотно и меко седење, неколку извори на топло пригушено осветлување, класична музика, топли и ладни напивки, колачиња…

Покрај домаќинот Проф. Д-р Стефан Сидовски – Сидо, на предавањата гостуваат истакнати личности од областа на културата, уметноста, науката и општеството.

Предавањата по психологија ќе им овозможат на слушателите да се запознаат со основните поими и категории од психологијата како наука. Пред се личноста како главен предмет на истражување, проучување и осознавање. Овие предавања од психологија на личноста на секој посетител ќе му овозможи да се запознае себеси на елементарно ниво.

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
742 Comments off
ФИЛМСКО СЦЕНАРИО

ФИЛМСКО СЦЕНАРИО

By: nikolakuzelov Date: Мар 07, 2019

Како тим сме возбудени и мотивирани што имаме можност да ја претставиме програмата “Курс за пишување филмско сценарио”, која ќе се одржи за прв пат! – под менторство на сценаристот Никола Кузелов, во соработка со други филмски сценаристи, драматурзи, филмски режисери и монтажери.Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со филмската драматургија, начинот на кој се раскажува приказна во сценариска форма и изградбата на протагонист како најбитен лик во филмската приказна.ЦЕЛ: ВО ТЕКОТ НА ОБУКАТА СЕКОЈ ОД УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ СОЗДАДЕ НЕКОЛКУ КРАТКИ СЦЕНАРИЈА И ЕДНО ФИНАЛНО СЦЕНАРИО ЗА КРАТОК ФИЛМ, КОЕ НА КРАЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ИЗДАДЕНА ЗБИРКА НА ФИЛМСКИ СЦЕНАРИЈА И НЕЈЗИНА ПРОМОЦИЈА, КАДЕ ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ И СЕРТИФИКАТИ ЗА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ПРОГРАМА.Практичните предавања се одржуваат во нестандарден амбиентален формат: комотно и меко седење, неколку извори на топло пригушено осветлување, класична музика, топли и ладни напивки… и многу хартија и мастило!

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
511 Comments off