КУРС ПО ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!
Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).
Еден темин се состои од:
• 45 мин. практично предавање;
• 10 мин. пауза;
• 90 мин. цртање и сликање.
10+1 седмици • 10+1 термини • 30 часа
1. Слободна тема • Молив;
2. Геометрија • Пастел;
3. Индустриски форми • Лавиран туш;
4. Природни форми • Акварел;
5. Архитектура • Акрил;
6. Пејзаж • Слободна техника [во екстериер];
7. Апстракција • Слободна техника [гости: ликовен уметник];
8. Портрет • Слободна техника;
9. Портрет • Слободна техника [гости: портрет модел];
10. Селекција и анализа [подготовки за изложба]
11. Изложба на ликовни дела
* * *
• Сите учесници ќе ги претстават своите најдобри дела на заедничка изложба, каде ќе бидат доделени сертификати за постигнатиот труд.
* * *
• Сите материјали за работа се вклучени во цената.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ 10+1 седмици • 10+1 термини • 30 часа
ПОЧЕТОК 3ти ноември
ТЕРМИН Недела, 16:00ч. – 18:30ч.
ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]
РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 1ви ноември [бројот е ограничен: 10]
ЦЕНА 8.950 ден. [плаќање на 2 месечни рати]
ПОПУСТ 10% за сите кои биле дел од програмите на “Џолев и уметностите”
ПОПУСТ 10% за уплата во готово на целиот износ
НАЧИН НА УПЛАТА
УПЛАТА ДО Џолев и Уметностите
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210073413260175
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Курс по цртање и сликање