ДИЗАЈН НА МОДНИ ДОДАТОЦИ

By: eftimov Date: Авг 28, 2020

Со оваа програма студентите ќе ја совладаат методологијата на дизајнерска работа на модни додатоци, започнувајќи од анализа на целната група и начини на интерпретација на инспирацијата/темата, преку спецификите на технолошкиот процес за производство на одделни модни додатоци, до развој на финални дизајнерски решенија и нивна презентација во портфолио (илустрација и технички цртежи) и насоки за презентација на пазар, преку симулирани ситуации. Воведните предавања се наменети за совладувањето на класификацијата на модните додатоци.

**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.

0 student
€145.00
1255 Comments off

Часовите се одржуваат под строго дефинирани услови и мерки за безбедна и продуктивна настава.

 

Еден термин се состои од:

• 45 мин. предавање;

• 45 мин. вежби.

 

10 термини • 20 часа

 

ПРОГРАМА:

• Кус историски преглед на модните додатоци и нивната класификација;
• Улогата на модните додатоци во дефинирањето на модниот изглед и нивниот удел во глобалната понуда на модни производи;
• Методологија на дизајнирање на колекција на модни додатоци;
• Специфики во однос на технологијата на производство на различни типови модни додатоци;
• Структура на дизајнерска книга за колекција на модни додатоци;
• Фази во дизајнирањето на колекција на модни додатоци и изработка на проект за колекција;
• Улогата на илустрацијата и техничкиот цртеж во дизајнерскиот процес;
• Анализа на актуелните тенденции во однос на глобалната понуда на модни додатоци и начини за нивна презентација и пласман;
• Мултифункционални модни додатоци;
• Дизајн на колекција на модни додатоци со преупотреба на материјали и рециклирање и изработка на еден прототип.

 

ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. Благој Давков бр.16 – нас. Дебар маало]

 

ЦЕНА  115€

ПОПУСТ 10% за уплата во готово

 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ  10 термини • 20 часа
ПОЧЕТОК  14 октомври
ТЕРМИН  Сабота, 19:30ч. – 21:00ч.

 

ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. Благој Давков бр.16 – нас. Дебар маало]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 04 октомври [бројот е ограничен: 10]

 

Часовите се одржуваат под строго дефинирани услови и мерки за безбедна и продуктивна настава.

 

ЦЕНА  115€

ПОПУСТ 10% за уплата во готово

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО Институт за дизајн и технологија ДОО Скопје
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210074098000150
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Модни додатоци