РАБОТИЛНИЦА ЗА МОДНА ИЛУСТРАЦИЈА

By: aleksandra Date: Мар 15, 2019

Преку работилницата за модна илустрација учесниците ќе ги истражат начините на цртање на дизајнерска колекција. Работилницата ќе се одвива два дена со траење на дневен час од 180 минути.

Целта е да се добие дефинирана модна фигура на хартија и развивање на навика за експериментирање со различни материјали при презентирање на модната колекција.

Дводневната работилница се препорачува како почетна точка за оние кои сакаат да ги развијат своите илустрациски вештини во основните области на модната илустрација.

Не е потребно искуство со цртање за да ја преземете оваа програма. Работилницата е наменета за оние кои сакаат да ги развијат своите вештини за цртање и да соберат портфолио потребно за успешно да продолжат со студиите по мода.

0 student
€145.00
586 Comments off
ПРОГРАМА:

• Цртање на човечки фигури со слободна рака и истражување на модната фигура од 8 и пол и 9 глави. Разбирање на тоновите на кожата, светлина и сенка и илустрирање на движење.
• Истражување на техничките способности на модната илустрација, експериментирање со естетиката на убавината и креирање на дефинирана база за идна употреба.
• Илустрација на облека и ткаенина. Разбирање на различни техники за презентација на структурата на ткаенината и текстурата.

* По завршувањето на работилницата учесниците ќе имаат минимум 5 целосно изведени илустрации за своето професионално портфолио.

 

ДЕН I. 11.05.

Првиот ден од работилницата започнувасо основите на модната илустрација. Запознавање со структурата на човечкото тело (женско и машко) и цртање на предните, задните, страничните и аголните позиции, контрапост, заедно со лицето, косата, рацете и нозете. Исто така, ќе следи и запознавање со сенките, боите итонови на кожатаво модната илустрација. Ова ќе биде многу фокусирана сесија за на крајот од првиот дел од работилницата да добиеме дефинирана база на тело врз која ќе се гради колекцијата.

ДЕН II. 12.05.

Анализа на студиски акт [1 час]
Демонстрација на техники на осветлување [1 час]
Фото-сет [6 часа – од кои 1 час пауза]

СЕКОЈ УЧЕСНИК ЌЕ ИМА НА РАСПОЛАГАЊЕ:
  • Моливи (Н, НВ)
  • Фломастери/маркери во повеќе бои
  • Дрвени акварелни бои
  • Акварелни бои
  • Акварелен блок или 200 гр. Хартија
  • Четки
  • Печатени копии од бази и облека за цртање на модна илустрација (ќе се делат на почетокот од часовите)
  • 2 метри текстилен материјал (за втор ден работилница)
  • шпенагли

ВРЕМЕТРАЕЊЕ  2 дена
ПОЧЕТОК  11ти мај
ОДРЖУВАЊЕ  Сабота и недела 12:00ч. – 15:30ч.

 

ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  10ти мај [бројот е ограничен: 10]

 

ЦЕНА  45€

ПОПУСТ  5% за сите кои биле дел од програмите на “Џолев и уметностите”

 

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО Џолев и Уметностите
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210073413260175
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Модна илустрација