КРЕАТИВНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПРИКАЗНА И ПЕСНА: ПИСАТЕЛИ И ПЕЈАЧИ » Djolev And The Arts

КРЕАТИВНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПРИКАЗНА И ПЕСНА: ПИСАТЕЛИ И ПЕЈАЧИ

By: golejska Date: Фев 24, 2022
Децата се најголеми создавачи и најдобри читатели. Преку овие практични работилници ќе се обидеме да им го приближиме јазикот, играта низ јазикот и зборовите на деца од 7 до 12 години. Со цел да се создаде природна форма на комуникација и разговор со децата преку запознавање со основните форми во книжевноста и литературата, ќе им понудиме креативно патување во кое и тие самите ќе земат учество. Креативниот процес ќе значи вклученост, едукација, забавно откривање на јазикот и целосна слобода на изразот.
0 student
Free
2628 Comments off

Програмата е поделена во три дела во кои децата се запознаваат со јазичните форми, приказни, игри низ зборови и креирање текст. Заедно или индивидуално ја развиваат сопствената фантазија и имагинација, отвораат поле за креативно изразување и комбинираат зборови до посакуваниот текст кој потоа ќе биде дел од музичка песна и расказ.

 

Идејата е да се пренесе вредноста на јазикот и неговата моќ како алатка за израз на повеќе нивоа.

 

ПРОГРАМА:

I ДЕЛ: ПРИКАЗНА
•Запознавање со концептот на креирање приказна и раскажување;
•Игри со зборови и креирање заеднички текст;
•Учење како да се создаде течна мисла и инспирирање едни од други;
•Читање приказна по избор и дискусија за формата и содржината.

 

II ДЕЛ: ПЕСНА
•Запознавање со концептот на создавање песна и читање/пеење;
•Игра со зборови и создавање заедничка песна;
•Учење како да се чита и разликува текст од песна во стих или во музички формат;
•Создавање заедничка тема/текст.

 

III ДЕЛ: СТУДИО – Создавање на музички сингл
•Сумирање на текстот од заедничката тема;
•Посета и панорама на музичко студио;
•Директно снимање на музичко демо или краток сингл со креираната песна;
•Музичка промоција на снимената песна.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ 12 термини • 16 часа
ГРУПА I • 7- 12 години
ПОЧЕТОК 3 април

 

ЦЕНА 1.900 ден месечна членарина за 4 термини.
ПАКЕТ ЦЕНА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ [целосна програма] = 5.450 ден

 

ОДРЖУВАЊЕ:

 

ГРУПА I • 7- 12 години
ПОЧЕТОК 03.04.2022 • недела
ТЕРМИН секоја недела од 10:30 – 11:30

 

НАСТАВА • еднаш неделно • 60 мин.

 

ЦЕНА
ЦЕНА 1.900 ден месечна членарина за 4 термини.
ПАКЕТ ЦЕНА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ [целосна програма] = 5.450 ден

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ: 10 март [бројот е ограничен: 10]

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО СКАЛА МАГАЗИН ДООЕЛ Скопје
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210-0742996701-34
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА креативно пишување – писатели и пеачи

 

ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]