КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЛЕКА СО ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: bule Date: Авг 13, 2019

Програмата “Курс за конструкција на облека со техники на шиење” е под менторство на искусниот Никола Булески – Буле (моден дизајнер и специјалист за конструкција на облека), со кој веќе трета година организираме и спроведуваме програми од областа на модниот дизајн во форма на кратки работилници и едногодишна “Академија за моден дизајн”.

Започувајќи со откривање на формата на телото и создавањето на основен крој овој курс ќе ве води низ процесот на конструирање на облека.

За време на часовите ќе се обрне посебно внимание на употребата на неопходните алатки за успешна реализација на проектните задачи и употребата на машина за шиење.

Крајната цел на овој курс е покрај усвојувањето на знаење за конструирање на различните видови на здолништа, воедно и да се совладаат основните техники за шиење. Со совладувањето на овие вештини на крај на курсот секој учесник ќе биде во можност да изработи најмалку два примероци на здолништа.

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од десет неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

0 student
€145.00
619 Comments off
  • Еден темин се состои од:45 мин. практично предавање;
  • 10 мин. пауза;
    90 мин. практична работа (моделирање и шиење).8 седмици • 8 термини • 30 часа

    * * *

    АЛАТКИ И НИВНО КОРИСТЕЊЕ;
    ТЕХНИКИ НА МОДЕЛИРАЊЕ;
    ИЗРАБОТКА НА ОСНОВЕН ТЕРК;
    МОДИФИКАЦИЈА НА ВШИТОЦИ;
    КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈ (РАЗНИ ВИДОВИ НА ЗДОЛНИШТА);
    ИЗРАБОТКА НА ОБЛЕКА;
    ПРОБА НА КУКЛА ИЛИ ЖИВ МОДЕЛ;
    АНАЛИЗА И КОРЕКЦИИ.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ  8 седмици • 8 термини • 24 часа
ПОЧЕТОК 7ми ноември
ТЕРМИН  Четврток, 18:00ч. – 20:30ч.

 

ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  5ти ноември [бројот е ограничен: 8]

 

ЦЕНА  185€ [плаќање на 2 месечни рати]

ПОПУСТ  10% за сите кои биле дел од програмите на “Џолев и уметностите”

ПОПУСТ  10% за уплата во готово на целиот износ

 

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО Џолев и Уметностите
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210073413260175
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Обука за филмски актер