ЛЕТНА ПРОГРАМА: КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: mare Date: Мај 31, 2020

Програмата “Курс за конструкција на облека со техники на шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).

Започувајќи со откривање на формата на телото и создавањето на основен крој овој курс ќе ве води низ процесот на конструирање на облека.

За време на часовите ќе се обрне посебно внимание на употребата на неопходните алатки за успешна реализација на проектните задачи и употребата на машина за шиење.

Крајната цел на овој курс е покрај усвојувањето на знаење за конструирање на различните видови на здолништа, воедно и да се совладаат основните техники за шиење. Со совладувањето на овие вештини на крај на курсот секој учесник ќе биде во можност да изработи најмалку два примероци на здолништа.

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од осум неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

0 student
€145.00
1484 Comments off

Еден темин се состои од:
45 мин. практично предавање;
10 мин. пауза;
90 мин. практична работа (моделирање и шиење).

8 седмици • 8 термини • 24 часа

АЛАТКИ И НИВНО КОРИСТЕЊЕ;
ТЕХНИКИ НА МОДЕЛИРАЊЕ;
ИЗРАБОТКА НА ОСНОВЕН ТЕРК;
МОДИФИКАЦИЈА НА ВШИТОЦИ;
КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈ;
ИЗРАБОТКА НА ОБЛЕКА;
ПРОБА НА КУКЛА ИЛИ ЖИВ МОДЕЛ;
АНАЛИЗА И КОРЕКЦИИ.

 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ 8 седмици • 8 термини • 24 часа
ПОЧЕТОК 1 јули
ТЕРМИН  Среда и Петок, 17:00ч. – 19:30ч.

 

ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. Благој Давков бр.16 – нас. Дебар маало]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  30 јуни [бројот е ограничен: 8]

 

ЦЕНА  185€ [плаќање на 2 месечни рати]

 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ 8 седмици • 8 термини • 24 часа
ПОЧЕТОК 1 јули
ТЕРМИН   Среда и Петок, 17:00ч. – 19:30ч.

 

ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. Благој Давков бр.16 – нас. Дебар маало]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  30 јуни [бројот е ограничен: 8]

 

ЦЕНА  185€ [плаќање на 2 месечни рати]

ПОПУСТ  10% за уплата во готово на целиот износ

 

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО СКАЛА МАГАЗИН ДООЕЛ Скопје
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210-0742996701-34
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА  Курс: Кроење и шиење