ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ

ДИЗАЈН НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ МОДНИ ПРОИЗВОДИ

By: eftimov Date: Авг 28, 2020

Програмата има за цел да им овозможи на студентите да ја совладаат дизајнерската методологија за развој на рачно плетени модни производи и да ги научат базичните техники на рачно плетење. На глобалниот пазар, покрај понудата на веќе етаблираните имиња на модната сцена, се зголемува и бројот на млади дизајнери кои целосно или дел од модната понуда ја базираат на рачно плетени производи (облека и модни додатоци).

**Една од студентските вежби би вклучила преупотреба на материјали и/или рециклирање.

ПОЧЕТОК:
05.10.2020
No student enrolled €145.00
812 Comments off
FUSION 360 + CURA: 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

FUSION 360 + CURA: 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

By: valentindaniloski Date: Авг 28, 2020

На оваа програмата ќе се совладаат софтверите Fusion 360 и Cura за потребите на 3Д моделирање.
Сите учесници ќе имаат можност да скицираат на таблети, се до финален 3Д прототип со печатење на 3Д принтери.
Програмата е препорачлива за сите дизајнери на ентериер и мебел, индустриски и продукт дизајнери, гејм дизајнери и илустратори.

ПОЧЕТОК:
16.10.2020
No student enrolled €145.00
1858 Comments off
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doro Date: Авг 28, 2020
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на Доротеј Нешовски, во соработка со ликовниот уметник Маргарита Симовска.

Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).

ПОЧЕТОК:
10.10.2020
No student enrolled €145.00
1496 Comments off
ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: mare Date: Авг 28, 2020

Програмата „Курс за техники на кроење и шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).

Започувајќи со откривање на формата на телото и создавањето на основен крој овој курс ќе ве води низ процесот на конструирање на облека.

За време на часовите ќе се обрне посебно внимание на употребата на неопходните алатки за успешна реализација на проектните задачи и употребата на машина за шиење.

Крајната цел на овој курс е покрај усвојувањето на знаење за конструирање на различните видови на панталони, воедно и да се совладаат основните техники за шиење. Со совладувањето на овие вештини на крај на курсот секој учесник ќе биде во можност да изработи најмалку два примероци на панталони.

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од осум неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
25.09.2020
No student enrolled €145.00
1668 Comments off
ADOBE ILLUSTRATOR

ADOBE ILLUSTRATOR

By: vlatko Date: Авг 28, 2020

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат на елементарно ниво од областа на графичкиот дизајн, преку методолошки концепти и работа на практични проекти. Oвој курс има за цел изучување на програмата Adobe illustrator со чија помош преку векторска графика ќе можете да изработите постери, логоа како и било кои други графики наменети за печатење и web публикација.

ПОЧЕТОК:
02.11.2020
No student enrolled €145.00
1839 Comments off
ФОТОГРАФИЈА

ФОТОГРАФИЈА

By: dragi Date: Авг 28, 2020

Курсот по фотографија е под менторство на фотографот Драги Неделчевски во соработкa со мултимедијалниот уметник Дејан Џолев и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…

Програмата ќе се одржи по дваесетти пат и досега се обучени повеќе од 500 фотографи!

На крајот од три месечниот курс, учесниците ќе ги изложат своите најдобри дела на групна изложба, каде ќе бидат доделени сертификати за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
10.10.2020
No student enrolled €145.00
2022 Comments off
ТЕОРИЈА НА УМЕТНОСТ

ТЕОРИЈА НА УМЕТНОСТ

By: nikola Date: Јул 29, 2020

Оваа програма е наменета за љубителите на уметноста и нејзиниот развој.

Целта на оваа програма е да се разбере и да се изучи целосниот процес на уметноста од почетоците на нејзиното постоење кога се сметало дека таа е творештво на човекот, па се до денес, кога сметаме дека под уметност најчесто се подразбира визуелната уметност или било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активности.

ПОЧЕТОК:
16.11.2020
No student enrolled €145.00
1852 Comments off
ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ

ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ

By: vladimirjancevski Date: Јул 28, 2020

Предмет на оваа програма е запознавање со мултидисциплинарната наука, која бара објективно испитување на уметноста низ времето, класифицирајќи ги културите и создавајќи периодизации преку набљудување на специфичните и влијателни карактеристики на уметноста.

Научете за визуелната уметност која произлегува од секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот.

ПОЧЕТОК:
19.10.2020
No student enrolled €145.00
1212 Comments off
ОБУКА ЗА СОФТВЕРСКИ АПЛИКАЦИИ ЗА ВЕКТОРСКА И РАСТЕРСКА ГРАФИКА

ОБУКА ЗА СОФТВЕРСКИ АПЛИКАЦИИ ЗА ВЕКТОРСКА И РАСТЕРСКА ГРАФИКА

By: djolevvlatko Date: Јул 05, 2020

ПРОГРАМАТА: Има за цел изучување на компјутерски софтвери за векторска и растерска графика: ADOBE Illustrator/Photoshop/InDesign.
 
ОПРЕМА И УСЛОВИ: Единствена Школа за дизајн и уметност која им овозможува на студентите: современо фото и видео студио, технолошка лабараторија со таблети за цртање и 3Д принтери, цртачко и сликарско ателје и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје;
 
МЕНТОРИ И НАСТАВА: Нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и професионалци од дејностите.

ПОЧЕТОК:
12.10.2020
No student enrolled €145.00
1577 Comments off
ОБУКА ЗА СОФТВЕРСКИ АПЛИКАЦИИ ЗА 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ

ОБУКА ЗА СОФТВЕРСКИ АПЛИКАЦИИ ЗА 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ

By: valentinilija Date: Јул 05, 2020

Програмата има за цел изучување на компјутерски софтвери за 3Д моделирање и дигитално рендерирање: SOLID WORKS/FUSION360/3D CAD/CURA.
 
ОПРЕМА И УСЛОВИ: Единствена Школа за дизајн и уметност која им овозможува на студентите: современо фото и видео студио, технолошка лабараторија со таблети за цртање и 3Д принтери, цртачко и сликарско ателје и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје;
 
МЕНТОРИ И НАСТАВА: Нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и професионалци од дејностите.

ПОЧЕТОК:
12.10.2020
No student enrolled €145.00
1606 Comments off
ОБУКА ЗА СОФТВЕРСКИ АПЛИКАЦИИ ЗА MOTION ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА

ОБУКА ЗА СОФТВЕРСКИ АПЛИКАЦИИ ЗА MOTION ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА

By: djonpetar Date: Јул 05, 2020

Програмата има за цел изучување на компјутерски софтвери за motion design и анимација: ADOBE After Efects, ADOBE Premiere Pro и Cinema 4D.
 
ОПРЕМА И УСЛОВИ: Единствена Школа за дизајн и уметност која им овозможува на студентите: современо фото и видео студио, технолошка лабараторија со таблети за цртање и 3Д принтери, цртачко и сликарско ателје и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје;
 
МЕНТОРИ И НАСТАВА: Нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и професионалци од дејностите.

ПОЧЕТОК:
12.10.2020
No student enrolled €145.00
1553 Comments off
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doro Date: Мај 31, 2020

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

Ментори на програмата се Доротеј Нешовски и Маргарита Симовска.

ПОЧЕТОК:
28.09.2020
No student enrolled Free
1845 Comments off