КУРС ЗА (ADOBE Photoshop) ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА
Задолжителна програма за секој фотограф! Ментор на програмата „Курс по постпродукција на фотографија“ која ќе се реализира по тринаесети пат е: Дејан Џолев (филмски режисер и визуелен артист).
Во текот на курсот учесниците креативно ќе ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер преку:
PHOTOSHOP
Креативно служење со техничките можности: Мени, формати, алатки, колор корекции, текстурирање, селекции, ретуширање, маски, монтажа на фотографија…
ЛИКОВНА УМЕТНОСТ
Претставување на ликовните вредности: Естетика, филозофија на убавото, теорија на боја, визуелни комуникации, историја на уметноста…
Практична (мануелна) разработка: Цртање, боење, колажирање…
МЕТОДОЛОГИЈА
Пристап кон фотографијата: Методолошки развој на концептуална фотографија (од идеја преку цртеж, фотографии и финално монтажно фотографско дело).
Анализа: Затворено изложување на фотографските вежби, детално расчленување на делото преку аналитичка дискусија за естетската, техничката и уметничката вредност на делото.
I. ПОСТПРОДУКЦИЈА НА ФОТОГРАФИЈА
1. Основи на постпродукција, вовед во естетика и методологија;
2. Простор и композиција, фотографски принципи и елементи;
3. Боја, теорија на боја и филозофија на убавото;
4. Светло и контраст;
5. Текстура и текстурирање, епохи и естетски карактеристики;
6. Ретуширање
II. МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА
7. Вовед во монтажа;
8. Методологија и развој на монтажа на фотографија;
9. Процес [фотографски проект];
10. Процес [фотографски проект]
+ По завршување на секој час, учесниците добиваат текстуален и илустративен материјал од работната тематика.
+ Секој од учесниците треба да поседува сопствен лаптоп за потребите на часовите.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ 10 седмици • 10 термини • 30 часа
ПОЧЕТОК 10ти Мај
ТЕРМИН Петок, 18:00ч. – 20:30ч.
ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]
РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 8ми Мај [бројот е ограничен: 10]
ЦЕНА 145€ [плаќање на 2 месечни рати]
ПОПУСТ 10% за сите кои биле дел од програмите на “Џолев и уметностите”
ПОПУСТ 10% за уплата во готово на целиот износ до 20ти март.
НАЧИН НА УПЛАТА
УПЛАТА ДО ПСМ Фондација
БАНКА Халкбанк
ЖИРО СМЕТКА 270000001048942
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Џолев и уметностите