ПРЕДАВАЊА ПО ПСИХОЛОГИЈА

By: stefan Date: Мар 13, 2019

Предавањата се одржуваат во нестандарден амбиентален формат: комотно и меко седење, неколку извори на топло пригушено осветлување, класична музика, топли и ладни напивки, колачиња…

Покрај домаќинот Проф. Д-р Стефан Сидовски – Сидо, на предавањата гостуваат истакнати личности од областа на културата, уметноста, науката и општеството.

Предавањата по психологија ќе им овозможат на слушателите да се запознаат со основните поими и категории од психологијата како наука. Пред се личноста како главен предмет на истражување, проучување и осознавање. Овие предавања од психологија на личноста на секој посетител ќе му овозможи да се запознае себеси на елементарно ниво.

0 student
€145.00
632 Comments off
ПСИХОАНАЛИТИЧКА ТЕОРИЈА НА СИГМУНД ФРОЈД

 

Еден темин се состои од:

• 60 мин. предавање;

• 10 мин. пауза;

• 30 мин. отворена дискусија.

 

5 седмици • 5 термини • 10 часа

 

* * *

термин 1. Вовед во психологија • Емоции • Мотивација;

термин 2. Структура на личноста • Темперамент • Карактер;

термин 3. Психоаналитичка теорија на Сигмунд Фројд;

термин 4. Психо-сексуален развој на личноста;

термин 5. Oднос на личноста со општеството, културата и цивилизацијата.

 

* * *

 

Во контекстот на психологија на личноста особено внимание ќе се посвети на првата најзначајна теоргија на личноста на Сигмунд Фројд, популарно позната како ПСИХОАНАЛИЗА. Предавањата на Психоаналитичката теорија на Сигмунд Фројд ќе овозможат да се има една целосна и прегледна претстава за Фројдовото сознание и размисла за човекот како личност и можноста да биде зрела личност.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ  5 седмици • 5 термини • 10 часа
ПОЧЕТОК  26ти март
ТЕРМИН  Вторник, 19:00ч.

 

ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  25ри март [бројот е ограничен: 10]

 

ЦЕНА  45€

ПОПУСТ  5% за сите кои биле дел од програмите на “Џолев и уметностите”

 

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО ПСМ Фондација
БАНКА Халкбанк
ЖИРО СМЕТКА 270000001048942
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Џолев и уметностите