РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ: ИМАГИНАЦИЈА » Djolev And The Arts

РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ: ИМАГИНАЦИЈА

By: begovska Date: Јан 24, 2022
Оваа креативно-едукативна работилница за деца и родители во својата програма обработува актерски вежби и игри преку кои се гради подлабока релација помеѓу детето и родителот. Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност да се запознаат со театарот и актерството, на секој час учејќи нов театарски термин кој практично ќе го применат заедно со родителот. Преку креативни вежби за имагинација, Вие како родител, ќе му помогнете на вашето дете да го достигне својот креативен потенцијал, подобро да управува со своите чувства и како овие креативни вежби да ги користи понатаму во секојдневниот живот.
0 student
Free
2622 Comments off

 

На часовите децата преку зададени креативни задачи ќе можат полесно да ги изразат своите мисли и емоции, а на тој начин да ја зголемат својата самодоверба. Да ја користат својата имагинација во секојдневието како креативен начин на размислување кое ќе им помогне во развивање на емпатија, да ги подобрат своите комуникативни вештини, да ја подобрат својата концентрација, да научат тимски да соработувата и да научат говорно и телесно полесно да се изразуваат. Запознајте го вашето дете креативно и станете негов најдобар другар. Децата ќе научат да бидат самомотивирани и посветени на задачи, да постават одредени цели и сами да ги решаваат. Преку оваа креативна обука релацијата родител – дете ќе стане поцврста и во иднина ќе му помогнете на вашето дете да биде мотивирано во решавање на секојдневните предизвици, школски задачи, да се справи со тремата и јавниот настап.
Имагинацијата царува со деството!

 

ЦЕЛИ:

• Развој на имагинација;
• Вежби за концентрација;
• Развој на комуникативни вештини;
• Зајакнување на односот помеѓу родител-дете;
• Подобрување на концентрацијата и памтењето ;
• Подобро изразување на мисли;
• Подобро изразување на чувства;
• Справување со тремата;
• Развивање на емпатија.

 

ВОЗРАСТ НА ДЕЦА • 4 – 9 години

 

 

ОДРЖУВАЊЕ:

 

ПОЧЕТОК 12.03.2022 • сабота
ТЕРМИН I 12:30 – 14:00

 

ПОЧЕТОК 13.03.2022 • недела
ТЕРМИН II  12:30 – 14:00

 

ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

ЦЕНА 1850 денари за два термини

НАЧИН НА УПЛАТА

УПЛАТА ДО СКАЛА МАГАЗИН ДООЕЛ Скопје
БАНКА НЛБ Банка
ЖИРО СМЕТКА 210-0742996701-34
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Работилница за деца и родители