КУРС ЗА ПИШУВАЊЕ ФИЛМСКО СЦЕНАРИО

By: nikolakuzelov Date: Мар 07, 2019

Како тим сме возбудени и мотивирани што имаме можност да ја претставиме програмата “Курс за пишување филмско сценарио”, која ќе се одржи за прв пат! – под менторство на сценаристот Никола Кузелов, во соработка со други филмски сценаристи, драматурзи, филмски режисери и монтажери.Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со филмската драматургија, начинот на кој се раскажува приказна во сценариска форма и изградбата на протагонист како најбитен лик во филмската приказна.ЦЕЛ: ВО ТЕКОТ НА ОБУКАТА СЕКОЈ ОД УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ СОЗДАДЕ НЕКОЛКУ КРАТКИ СЦЕНАРИЈА И ЕДНО ФИНАЛНО СЦЕНАРИО ЗА КРАТОК ФИЛМ, КОЕ НА КРАЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ИЗДАДЕНА ЗБИРКА НА ФИЛМСКИ СЦЕНАРИЈА И НЕЈЗИНА ПРОМОЦИЈА, КАДЕ ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ И СЕРТИФИКАТИ ЗА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ПРОГРАМА.Практичните предавања се одржуваат во нестандарден амбиентален формат: комотно и меко седење, неколку извори на топло пригушено осветлување, класична музика, топли и ладни напивки… и многу хартија и мастило!

0 student
€145.00
379 Comments off

[МОДУЛ 1] ПРИКАЗНА  • 12 + 4 ЧАСА

термин 1. Што е, или како се раскажува приказна;

термин 2. Основна структура на филмска приказна;

термин 3. Драматургија на филмско сценарио и структура на 3 чина;

термин 4. Останати структури на филмско сценарио;

+ дополнителен час 1. Проекција на филм и анализа.

 

[МОДУЛ 2] ЛИК • 9 ЧАСА + 4 ЧАСА

термин 5. Ликови;

термин 6. Протагонист и Антагонист;

термин 7. Алатки и трикови за успешно и атрактивно сценарио;

+ дополнителен час 2. Проекција на филм и анализа.

 

[МОДУЛ 3] СЦЕНАРИО  • 9 ЧАСА + ХХ ЧАСА

термин 8. Пишување на приказна во сценариска форма; термин 9. Пичинг и презентација на сопствено сценарио; термин 10. Финално сценарио за краток филм;

+ дополнителен час 3. Индивидуални термини за консултации со менторот.

 

+ ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКА НА ФИЛМСКИ СЦЕНАРИЈА.
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
071 240 598

www.facebook.com/DjolevAndArts
www.djolevandarts.com

ВРЕМЕТРАЕЊЕ 10 седмици • 10 термини • +38 часа
ПОЧЕТОК 31ти март
ТЕРМИН Недела, 17:00ч. – 19:30ч.

ЛОКАЦИЈА Џолев и уметностите [ул. 50та Девизија бр. 22 – нас. Центар]

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 29ти март [бројот е ограничен: 10]

ЦЕНА [цела програма] 125 € [плаќање на 2 рати]
ЦЕНА [модул 1] 55 € [модул 2+3] 80 €

ПОПУСТ 15% за плаќање во готово до 20ти фев.

ПОПУСТ 5% за сите кои биле дел од програмите на “Џолев и уметностите”.
ПАКЕТ ПОНУДА
Додади програма и заштеди +25%

УПЛАТА ДО ПСМ Фондација
БАНКА Халкбанк
ЖИРО СМЕТКА 270000001048942
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА Џолев и уметностите