АЛЕКСАНДАР НАУМОСКИ
ОБРАЗОВАНИЕ
Додипломски студии на Факултет за ликовни уметности -Скопје, отсек вајарство во класа на проф. Драган Попоски - Дада. 2000 година.
РАБОТНО ИСКУСТВО
Професионално се занимава со подготовка за печат во повеќе печатници во Скопје и низ Македонија од 1995 година. Почнувајќи од Југореклам печатница, Издавачка куќа Култура, Дата Понс печатница, Издавачка куќа Интеа Прес, МедиаМаркет печатница, Европа 92, како и во маркетинг агенции Идеа Плус, Еуро РСЦГ, Пеперминт, McCann, sawyer&finn, Ovation BBDO.
Предавања од областа на графички дизајн како редовен професор држи на Академија Италијана, а подоцна како инструктор на Семос Академија.
АВТОР
Автор на повеќе скулптури на ликовни симпозиуми во Македонија, најново дело од областа на скулптура му е Маџармаалските Гулаби, поставени пред народна банка. Неколку самостојни изложби ширум државава. Oд област на графички дизајн и подготовка за печат има искуство со најголемите брендови од македонската индустрија, како Пивара Скопје, Прилепска Пиварница, Битолска Млекара, Сведмилк, како и повеќе брендови од автоиндустријата.
ДЕНЕС
Head of creative во OvationBBDO, и во слободно време се занимава со скулптура.