Портфолиото на Никола Узуновски » SKALA School

Портфолиото на Никола Узуновски

2161 Comments off Професори

Ментор на Академијата за Визуелни Уметности и Академијата за Продукт Дизајн

My sunshine

Никола Узуновски e македонски современ уметник кој по своето студирање во Скопје, Неaпoл, Комо, Венеција и Хелесинки, предава уметност и дизајн на универзитети во Италија, Норвешка, Финска, Шведска и Тајланд. Во своето творештво тој ги спојува индивидуалноста и општеството.

Во 2005 г. тој учествува на биенале во Венеција, во проектот „Floating Sites“. Во 2007 г. ја освојува наградата „Млад европски уметник“ и во 2009 г. го изложува проектот „My Sunshine“ во македонскиот павилјон за 53-тото Венециско биенале.

Ви споделуваме дел од нашите омилени дела од него.

  • Никола Узуновски, на една од своите изложби, своите гости ги пречека со жолто ливче на кое пишуваше „What are you waiting for?” – го прави гледачот главен лик на делото и го тера да размислува критично.
  • Според него секој од нас има влијание и со секој свој потег придонесува кон глобалните прометни. Во овој контекст, во 2005-та година на излозжба на тема за глобални промени, Никола во музеј го прикажува своето дело на мала бела табличка на која пишува „Мала промена во воздухот менува сѐ”. Значењето на делото е во промената која ќе ја предизвика.

    ХЕЛСИНКИ
  • Никола со својата критика и инсталациите „The One“ и „Снег“ вели дека значењето не е во објектот, но не е ни во концептот, туку, како ние ќе се поврземе со тој концепт. Ставајќи ги во израз личните одлуки, искуства и емоции и на тој начин назначувајки ја нивната вредност.
  • Изложбата на бели фотографии во Хелсинки. Целосно бели фотографии сликани ширум цветот. Преку нереална белотија, Никола ги актуелизира темите за личната перцепција. За некој е само бела фотографија, додека некој пак ќе препознае нешто свое или пак ќе ја разбуди неговата имагинација.

    ДЕДО МРАЗ
  • Проектот на Никола каде што тој  прави анализа и истажување за тоа што посакуваат и за што мечтаат децата од различни држави и предели од целиот свет, – „Wishes come true”. Тој оди во работилницата -поштата на Дедо Мраз во Лапонија каде што се чуваат сите писма што пристигнуваат од целиот свет и ги анализира и истражува за да дојде до заклучок дека желбите на децата се произведени од соц. пол контекст. Според ова, децата во писмата од Велика Британија и САД имаат значителен контраст, во половина од писмата има листа на скапи играчки и технологија, а другата половина елементарни барања за преживување, желба за топла облека и чевли. Децата пак, од Јужна Европа не се воопшто опседнати со материјални желби, тие посакуваат мир во светот и неретко ги спомнуваат домашните, фамилијарни односи и најмногу се вреднуваат меѓучовечките односи. Писмата од Северна Европа и скандинавските земји се мала листа на играчки и објаснување од децата дека тие биле добри и послушни и дека го заслужиле тоа што го бараат. Со други зборови, доста дисциплирани дечиња, – бараат компензација за она што го заслужиле. Како заклучок,  проектот покажува како сите ние сме зависни од системот во кој живееме, како системот ни ги креира желбите и како ние со желбите го менуваме системот.

    СОНЦЕ НА АРТИКОТ, ОБЛАЦИ ВО ТАЈЛАНД
  • Омилениот проект во кој Никола ја поврзува уметноста, науката и чувствата на луѓето. Тој во Тајланд на луѓето премногу изложени на сонце и високи температури им прави инсталација, балон кој личи на облак, а тој балон пак, ја користи сончевата енергија за да лета. Од друга страна пак, на луѓето од земјите кои очајуваат за сонце и светлост, прави проект за вештачко сонце. Поради тоа што над Арктичкиот круг во зима сонцето не изгрева, но неговите зраци одат од доле нагоре и нема сонце во градовите, но има меѓу облаците.Тој проектира проѕирен балон кој внатре има огледало кое го рефлектира Сонцето кон Земјата, а за луѓето тој објект изгледа исто како сонце. Целиот процес е направен во соработка со разни универзитети и целта е заеднички да направат една утопија – небо со повеќе сонца.
  • Проектот во кој тој реализира цепелин со кој ќе може да патува човек, направен од некоку слоја пластика и кој лета по принципот на соларните колектори. И овој проект е мала утопија која го потенцира користењето на соларната енергија и симбол на слободното патување и слободата како цел.

    СОЛАРНА КУЈНА
  • Проектот соларна кујна. Долготраен проект каде што се промовира користење на соларната енергија преку социјални настани каде што се готви и храната и техниката е споделена со публиката. Платформа што работи на повеќе верзии за различни контекст во интердисциплинарни тимови од студенти, научници и дизјнери.
Соларна Кујна
Соларна Кујна