3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ

3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ

By: apostoll Date: Јан 30, 2020

Програмата “Курс за 3Д моделирање и дигитално рендерирање”, е под менторство на индустрискиот дизајнер Апостол Тноковски.

На програмата ќе се совладаат софтверите Fusion 360 за потребите на 3Д моделирање, Keyshot за дигитално рендерирање и – Cinema4D.

Сите учесници ќе имаат можност да скицираат на таблети, се до финален 3Д прототип со печатење на 3Д принтери.

Програмата е препорачлива за сите дизајнери на ентериер и мебел, индустриски и продукт дизајнери, гејм дизајнери и илустратори.

На крајот од три месечниот курс, секој од учесниците ќе добие сертификат за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
03.04.2020
No student enrolled Free
169 Comments off
ADOBE ILLUSTRATOR

ADOBE ILLUSTRATOR

By: sandra Date: Јан 15, 2020

………..

ПОЧЕТОК:
07.04.2020
No student enrolled €145.00
1179 Comments off
ADOBE PHOTOSHOP [ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА]

ADOBE PHOTOSHOP [ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА]

By: djolev Date: Јан 13, 2020

Задолжителна програма за секој фотограф! Ментор на програмата „Курс по постпродукција на фотографија“ која ќе се реализира по тринаесети пат е: Дејан Џолев (филмски режисер и визуелен артист).
Во текот на курсот учесниците креативно ќе ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер преку:
PHOTOSHOP
Креативно служење со техничките можности: Мени, формати, алатки, колор корекции, текстурирање, селекции, ретуширање, маски, монтажа на фотографија…
ЛИКОВНА УМЕТНОСТ
Претставување на ликовните вредности: Естетика, филозофија на убавото, теорија на боја, визуелни комуникации, историја на уметноста…
Практична (мануелна) разработка: Цртање, боење, колажирање…

МЕТОДОЛОГИЈА
Пристап кон фотографијата: Методолошки развој на концептуална фотографија (од идеја преку цртеж, фотографии и финално монтажно фотографско дело).
Анализа: Затворено изложување на фотографските вежби, детално расчленување на делото преку аналитичка дискусија за естетската, техничката и уметничката вредност на делото.

ПОЧЕТОК:
10.04.2020
No student enrolled €145.00
788 Comments off
ФИЛМСКА РЕЖИЈА

ФИЛМСКА РЕЖИЈА

By: djolev Date: Јан 08, 2020

Курсот “Филмска режија” претставува елементарно запознавање со процесите на создавање филм или филмска форма, преку практични предавања, филмски проекции и анализи, како и теренски филмски вежби во студио, ентериер и екстериер со филмска опрема и филмски соработници, како и постпродукција и обработка на филмска слика и монтажа во дигиталните софтвери ADOBE Premiere и ADOBE Audition.

ЦЕЛ: Во текот на програмата секој од учесниците ќе биде дел од работен процес (од идеја до снимање кратка филмска форма), која подоцна премиерно ќе биде проектиран на големото филмско платно во „Кинотека на Македонија“. Исто така учесниците ќе имаат можност активно да се вклучат кон создавање на краток игран филм во рамки на програмата “Обука за филмски актер”. На крајот од програмата се доделува Сертификат за успешно реализирана програма.

ПОЧЕТОК:
28.03.2020
No student enrolled Free
91 Comments off
КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: mare Date: Дек 01, 2019

Програмата “Курс за конструкција на облека со техники на шиење” е под менторство на искусната Маре Трајковска „Матра“ (модна дизајнерка и специјалист за конструкција на облека).

Започувајќи со откривање на формата на телото и создавањето на основен крој овој курс ќе ве води низ процесот на конструирање на облека.

За време на часовите ќе се обрне посебно внимание на употребата на неопходните алатки за успешна реализација на проектните задачи и употребата на машина за шиење.

Крајната цел на овој курс е покрај усвојувањето на знаење за конструирање на различните видови на здолништа, воедно и да се совладаат основните техники за шиење. Со совладувањето на овие вештини на крај на курсот секој учесник ќе биде во можност да изработи најмалку два примероци на здолништа.

Сите (основни) материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

На крајот од десет неделната програма, учесниците ќе добијат сертификати за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
22.04.2020
No student enrolled €145.00
751 Comments off
ФОТОГРАФИЈА

ФОТОГРАФИЈА

By: dragi Date: Ное 15, 2019

Курсот по фотографија е под менторство на фотографот Драги Неделчевски во соработкa со мултимедијалниот уметник Дејан Џолев и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…

Програмата ќе се одржи по седумнаесети пат и досега се обучени повеќе од 500 фотографи!

На крајот од три месечниот курс, учесниците ќе ги изложат своите најдобри дела на групна изложба, каде ќе бидат доделени сертификати за постигнатиот труд.

ПОЧЕТОК:
09.05.2020
No student enrolled €145.00
1459 Comments off
ФИЛМСКИ АКТЕР

ФИЛМСКИ АКТЕР

By: begovska Date: Окт 14, 2019

Обуката за филм и филмски актер, која ќе се одржи по петнаесети пат, е под менторство на режисерката Теа Беговска, во соработка со филмскиот режисер Дејан Џолев, универзитетски професори, професионални актери, режисери, театролози, филмски работници…

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со елементарните актерски, сценариски и режисерски теми и карактеристики преку практични предавања и вежби, снимачки етиди, посета на кино проекции и театарски претстави.

ЦЕЛ: Секој од учесниците ќе биде дел од практичен актерски процес во кој ќе бидат реализирани 10 кратки филмски етиди со професионална филкмска екипа, кои подоцна ќе имаат своја филмска премиера во „Кинотека на Македонија“.

Секој учесник ќе добие сертификат за успешно реализирана програма „Обука за филм и филмски актер“, кастинг CV и кастинг фотографии.

ПОЧЕТОК:
10.05.2020
No student enrolled €145.00
956 Comments off
ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

By: nebojsa Date: Окт 12, 2019

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ЗА СЕКОЈ УМЕТНИК И ДИЗАЈНЕР

…како и вљубеници на философијата, историјата на уметностите, естетиката… предложуваме естетски дискурси со проф. Небојша Вилиќ, во пријатен и неформален амбиент.

ПОЧЕТОК:
25.03.2020
No student enrolled €145.00
1006 Comments off
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doro Date: Окт 12, 2019
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).

ПОЧЕТОК:
10.05.2020
No student enrolled €145.00
1105 Comments off
ЛИКОВНА СЕКЦИЈА

ЛИКОВНА СЕКЦИЈА

By: doro Date: Сеп 19, 2019

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикне креативноста, го мотивира критичко размислување и социјална комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

ПОЧЕТОК:
20.01.2020
No student enrolled Free
1512 Comments off
ДРАМСКА СЕКЦИЈА

ДРАМСКА СЕКЦИЈА

By: sara Date: Сеп 18, 2019

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикне креативноста, го мотивира критичко размислување и социјална комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

ПОЧЕТОК:
21.01.2020
No student enrolled Free
1500 Comments off
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

By: zoran Date: Авг 15, 2019

ВРЕМЕТРАЕЊЕ  12 термини • 36 часа ПОЧЕТОК  16ти март ТЕРМИН  Понеделник, 17:00ч. – 19:30ч.   ЛОКАЦИЈА  Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]   РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  15ти мај [бројот е ограничен: 10]   ЦЕНА  165€ [плаќање на 2 месечни рати] ПОПУСТ  10% за уплата во готово на целиот износ.   НАЧИН НА […]

ОДРЖАН
No student enrolled €145.00
1106 Comments off