Азбука на Продукт Дизајн со Апостол Тноковски
Официјалното и единственото писмо на поими на Апостол Тноковски. Ментор по 2Д скицирање и 3Д моделирање и рендерирање.
А • Апостол [јас], Abstract: The art of design [сериал од инспиративни документарци што секој дизајнер треба да ги погледне], Art Deco [мојот омилен стил].
Б • The Beatles [обожавам да ги слушам, особено кога дизајнирам], Bang & Olufsen [компанија со најоткачени дизајни].
В • Витра [една од најдобрите компании која произведува дизајнирани парчиња мебел].
Г • Глодалка [машина за обработка].
Д • Дизајн.
Ѓ • Ѓезве за леваци [Проблем кој треба да се реши за доброто на сите леваци].
Е • Ејмс [како Чарлс и Реј Ејмс].
Ж • Жан Мишел Баскијат [совршен пример за тотална слобода во креативно изразување].
З • Заха Хадид [ќе заборавев архитект за малце].
S • Ѕвезда [Небо полно ѕвезди…совршено за инспирација].
И • Идеја [треба да ти светне].
Ј • Јаболко [како симбол за идеја, забранетото овошје], Jaguar E Type [автомобилот со најубав дизајн во историја на човештвото].
К • Концепт [од некаде мора да се почне].
Л • Луиџи Колани [професорот!!!].
Љ • Љубов кон дизајн.
М • Миеле [совршенство во дизајн на апарати за домаќинство].
Н • НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!!!
Њ • Њујорк [онака, лабаво].
О • Objectified [уште еден документарец што секој дизајнер МОРА да го гледа!].
П • Пантон [Вернер Пантон].
Р • Ремек дело.
С • Старк [не Ајронмен, оној другиот…Филип].
Т • Tиг [Валтер Дорвин Тиг, мојот омилен дизајнер на производи].
Ќ • Ќор сокак [кога ќе заглавиш со проектот].
У • Уффф… [ тоа обично го кажувам откако клиентот ќе ми настапи со: “Сакам да не биде големо, ама несакам да биде мало. Да биде некаква нијанса меѓу розево и зелено и најважно да биде тренди и секој што ќе го види, да му се допаѓа на прв поглед!”].
Ф • Фендер Стратокастер [гитарата со најубав дизајн].
Х • Хидра пијано.
Ц • ЦНЦ [машина].
Ч • Чајникот од Јута [ првиот компјутерски генериран 3D модел, креиран во 1975].
Џ • Џонатан Ајв [современа икона во дизајнот на производи].
Ш • Шублер [ако треба нешто да измериме].