Азбука на Продукт Дизајн со Апостол Тноковски » SKALA School

Азбука на Продукт Дизајн со Апостол Тноковски

841 Comments off Професори

Официјалното и единственото писмо на поими на Апостол Тноковски. Ментор по 2Д скицирање и 3Д моделирање и рендерирање.

А •  Апостол [јас], Abstract: The art of design [сериал од инспиративни документарци што секој дизајнер треба да ги погледне], Art Deco [мојот омилен стил].

Б •  The Beatles [обожавам да ги слушам, особено кога дизајнирам], Bang & Olufsen [компанија со најоткачени дизајни].


В •  Витра [една од најдобрите компании која произведува дизајнирани парчиња мебел].

Г •  Глодалка [машина за обработка].

Д •  Дизајн.

Ѓ •  Ѓезве за леваци [Проблем кој треба да се реши за доброто на сите леваци].

Е •  Ејмс [како Чарлс и Реј Ејмс].

Ж •  Жан Мишел Баскијат [совршен пример за тотална слобода во креативно изразување].

З •  Заха Хадид [ќе заборавев архитект за малце].

S •  Ѕвезда [Небо полно ѕвезди…совршено за инспирација].

И •  Идеја [треба да ти светне].

Ј •  Јаболко [како симбол за идеја, забранетото овошје], Jaguar E Type [автомобилот со најубав дизајн во историја на човештвото].

К •  Концепт [од некаде мора да се почне].

Л •  Луиџи Колани [професорот!!!].

Љ •  Љубов кон дизајн.

М •  Миеле [совршенство во дизајн на апарати за домаќинство].

Н •  НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!!!

Њ •  Њујорк [онака, лабаво].

О •  Objectified [уште еден документарец што секој дизајнер МОРА да го гледа!].

П •  Пантон [Вернер Пантон].

Р •  Ремек дело.

С •  Старк [не Ајронмен, оној другиот…Филип].

Т •  Tиг [Валтер Дорвин Тиг, мојот омилен дизајнер на производи].

Ќ •  Ќор сокак [кога ќе заглавиш со проектот].

У •  Уффф… [ тоа обично го кажувам откако клиентот ќе ми настапи со: “Сакам да не биде големо, ама несакам да биде мало. Да биде некаква нијанса меѓу розево и зелено и најважно да биде тренди и секој што ќе го види, да му се допаѓа на прв поглед!”].

Ф •  Фендер Стратокастер [гитарата со најубав дизајн].

Х •  Хидра пијано.

Ц •  ЦНЦ [машина].

Ч •  Чајникот од Јута [ првиот компјутерски генериран 3D модел, креиран во 1975].

Џ •  Џонатан Ајв [современа икона во дизајнот на производи].

Ш •  Шублер [ако треба нешто да измериме].