СОФТВЕРСКИ АЛАТКИ
ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА
ЗА СЕКОЈ ФОТОГРАФ И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР КОЈ САКА УСПЕШНО ДА ГО ГРАДИ СВОЕТО ПОРТФОЛИО!
Програмата е под менторство на хиперпродуктивниот портретист и моден фотограф, Антонио Станков, во соработка со Дејан Џолев, визуелен артист и основач на Скала.
Учесниците на обуката ќе имаат можност креативно да ги изучат техничките можности за софтверската алатка: ADOBE Photoshop и вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер. Курсот ги опфаќа основите на постпродукција и композиција во комбинација со фотографски принципи и елементи, боја, теорија на боја, светло, котраст, текстура и ретуширање. Преминувајќи кон принципи на монтажа, методологија и развој на монтажна фотографија.
Секој од учесниците по завршување на курсот се стекнува со сертификат за постигнатиот труд.
ПОЧЕТОК:
28.10.2023ADOBE PREMIERE: ВИДЕО МОНТАЖА
ЗА СИТЕ КОИ ОБОЖАВААТ ДА КРЕИРААТ ВИДЕОСОДРЖИНИ КОИШТО ЌЕ ОСТАНАТ ВО СЕЌАВАЊЕ!
Програмата е под менторство на наградуваната и интернационално препознаената режисерка и видеомонтажерка, Сандра Ѓоргиева.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмата Adobe Premiere Pro – софтверска апликација за уредување на видеа. Програмата на курсот вклучува технички и креативни процеси при работа на повеќе аудио-визуелни форми (TikTok/Reels видеосодржини, Youtube-продукти, TВ реклама, музичко видео, игран/документарен филм). Покрај техничкиот аспект, студентите ќе имаат можност да се запознаат со елементарни принципи во филмска и ТВ-монтажа.
Секој од учесниците по завршување на курсот се стекнува со сертификат за постигнатиот труд.
ПОЧЕТОК:
29.10.2023FIGMA: UX/UI ДИЗАЈН
ЗА СИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО НАЈПОПУЛАРНАТА И НАЈБАРАНАТА ДИЗАЈН-ПРОФЕСИЈА!
Програмата е под менторство на дизајнерот, м-р Андреј Стамевски.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да бидат дел од процесот на поврзување на нивната креативност со дизајнот и технологијата, стекнувајќи вештини коишто ќе им помогнат да се запознаат и да ја совладаат областа на UX/UI дизајнот со фокус на FIGMA. Обуката е наменета за сите креативци и развивачи на веб-апликации (графички дизајнери, визуелни артисти, front-end програмери, маркетери, проектни менаџери и сл:.)
Секој од учесниците по завршување на курсот се стекнува со сертификат за постигнатиот труд.
ПОЧЕТОК:
29.10.2023ADOBE ILLUSTRATOR: ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
ЗА СИТЕ КРЕАТИВЦИ КОИ ИМААТ ЖЕЛБА ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ВЕКТОРСКА ГРАФИКА, ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН!
Програмата е под менторство на графичкиот дизајнер и илустратор, Андреј Павлов.
Учесниците на обуката ќе имаат можност за целосно техничко изучување на алатката ADOBE Illustrator. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат на елементарно ниво со областа на графичкиот дизајн, преку методолошки концепти и работа на практични проекти. Започнувајќи од основна векторска графика до креирање на илустрации и примена на векторска графика во графички дизајн (корпоративен дизајн, дизајн на постер, итн.).
Секој од учесниците по завршување на курсот се стекнува со сертификат за постигнатиот
труд.
ПОЧЕТОК:
28.10.2023ADOBE AFTER EFFECTS: МОУШН ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА
ЗА СИТЕ КРЕАТИВЦИ КОИ САКААТ ДА НАУЧАТ ДА ЕКСПЕРИМЕНТИРААТ СО ДИГИТАЛНИ, ВИЗУЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ И 2D-АНИМАЦИИ!
Програмата е под менторство на motion graphics дизајнерот и визуелниот уметник, Петар Џон.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со основите на Adobe After Effects – софтверска апликација за дигитални визуелни ефекти, моушн график, композитинг и 3Д-моделирање коишто најчесто за користат за постпродукција на филм, видеоигри и телевизиска продукција. Во рамките на обуката, учесниците се стекнуваат со вештини и знаење за 2Д-анимирање на векторски форми и типографија, 3Д-анимација, композиција и постпродукција.
Секој од учесниците по завршување на курсот се стекнува со сертификат за постигнатиот труд.