
ТЕА БЕГОВСКА
ОБРАЗОВАНИЕ
Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕФТА - мултимедијална режија; Специјалистички студии на ЕФТА - театарска режија.
РАБОТНО ИСКУСТВО / АВТОР
Режисер и автор на алтернативни театарски претстави - ,,Три сестри (2013), ,,Тишина (2014) и ,,Контрола (2014), за кој ја доби наградата за ангажиран режисерски пристап на фестивалот Ристо Шишков во Струмица, "Ајде да имаме секс"( 2015), "Кафе без цигари"(2016), "Гледај чувствувај слушај"(2018), "Јас сум актер-човек" (2018).Нејзините дела биле изведувани во повеќе градови, театарски и уметнички фестивали во Македонија: ,,Ристо Шишков, ,,ИМПАКТ, ,,БОШ“, МОТ, АКТО, Скопско лето, Лица без маски. Неколку годишна континуирана работа како менотир и предавач во повеќе школи и работилници од областа на театарот и филмот со акцент на актерската игра. Автор на култната ТВ емисија КУЛТУРО интервју.
ДЕНЕС
Режисер во Драмски Театар Скопје.