
ДЕЈАН МИЛОСАВЛЕСКИ
ОБРАЗОВАНИЕ
„Св. Кирил и Методиј“- Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, додипломски студии - Примена на информациски технологии; Неформално образование: Академија за веб-дизајн
РАБОТНО ИСКУСТВО
Дејан Милосавлески, како млад ентузијаст, започува да ја гради својата кариера во ИТ-индустријата од 2013 година, со активна Freelance-работа во областа на графичкиот дизајн. Вештините коишто ги стекнува заедно со дотогашното искуство како графички дизајнер и видео-монтажер и аниматор резултираат со првиот амбициозен план – отварање на сопствена компанија на само 17 години. Така, во 2015 г., ја отвара својата прва маркетинг-агенција и продукт – БИЗНИС КАТАЛОГ. Со овој продукт, тој успева да донесе дигитална трансформација на повеќе од 150 мали, средни и големи компании во Западна Македонија.Од 2019 година, своето портфолио како веб-дизајнер и програмер, го проширува со работа на интернационални проекти преку дигитализација и подобрување на веб и e-commerce искуството на голем бренд од нордискиот пазар и целосна дигитална трансформација на еден од најголемите светски артисти и скулптори Ричард Орлински. Како UX/UI дизајнер има изработено проекти за повеќе од дваесет интернационални брендови, педесет домашни компании и целосни веб-дизајн решенија на две светски франшизи за македонски пазар.Во областа на тимското работење, тој активно води повеќе тимови со преку дваесет експерти и фриленсери за дизајн и програмирање, но како надворешен соработник, учествувал и во различни тимски проекти со неколку маркетинг и дизајн-агенции од Македонија и странство, меѓу кои и маркетинг-тимот на познатиот порторикански пејач Озуна.
ДЕНЕС
Основач на Altius Solutions LLC, Full-service Marketing & Web & Mobile App Development Agency;Основач и извршен директор на Vendor - прва автоматизирана платформа за е-трговија во Македонија; Надворешен консултант за дигитален развој и дигитализација на компании на нордиски пазар; Коосновач на Bizniskatalog.mk и Kupisajt.mk