
САНДРА ЃОРГИЕВА
ОБРАЗОВАНИЕ
Додипломски студии по Филмска и ТВ монтажа на Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ во Скопје; // Постојано се надградува со учество на различни интернационални работилници за филм и истражување.
РАБОТНО ИСКУСТВО
Нејзиниот професионален интерес опфаќа различни сегменти од продукцијата на аудиовизуелни дела: сценарио, режија, и монтажа. Нејзиното портфолио опфаќа работа на повеќе серии, филмови, музички спотови и други аудиовизуелни дела.
Режисер и монтажер на документарниот филм „Зелени ѕидови, црна храна“ кој беше дел од Официјалната селекција на Сараевскиот Фестивал. Сценарист, режисер и монтажер на мјузиклот „Црно и бело“, прикажан на интернационални фестивали. Сценарист и режисер на филмот „Еден тон сладолед“, поддржан од Агенцијата за филм. и прикажан на интернационални фестивали. Со години наназад е еден од режисерите и монтажерите на познатата серија за деца „5+Фамилија“, а исто така е дел од тимот на пост-продукција на познатите серии Преспав, На терапија, Инсајдер итн. Сандра е дел од Талентите на Сараево во склоп на Сараевскиот Филмски Фестивал.
ДЕНЕС
Денес e дел од интернационалната магистерска програма за документарни филмови „ДокНомадс“, која се спроведува во Португалија, Унгарија и Белгија. Во меѓувреме е во препродукција со нејзиниот нов краток филм „Потврда за живот“, чие сценарио беше развивано на Мидпоинт Институтот во Чешка и Италија.