ДОРОТЕЈ НЕШОВСКИ
ОБРАЗОВАНИЕ
Факултет за ликовни уметности, УКИМ; Дипломиран скулптор со поднасока сценографија.
РАБОТНО ИСКУСТВО / АВТОР
Доротеј Нешовски (1989, Скопје) се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник, мапирање и резонантонст, истражувачки парципативни проекти и детска едукација.
Автор на 3 самостојни изложби, многубројни групни изложби и проекти во земјава и надвор од неа. Препознатлив по истражувачките процеси во уметноста, каде што во моментов активно работи со нови медиуми во уметноста и теоријата. Истовремено, реализира објекти, интервенции во простор, инсталации, ефермерни мапи, уметност на процес, уметнички книги и ленд арт проекти.
Основач на уметничката група „ЅЕЕ“ (Art Group SEE) . - Белград.
ДЕНЕС
Проектен координатор на Детскиот креативен центар МКЦ – Скопје, мултидисциплинарен проект наменети за детски едукаци во повеќе дисциплини.Организатор и куратор на цртачки сесии “цртаме АКТ” Јавни отворени работилници за деца и возрасни.
[МЕНТОР]
МАРГАРИТА СИМОВСКА
ОБРАЗОВАНИЕ
Д.С.Л.У.Д. “Лазар Личеноски “ – Скопје; Национална Акдемија за Уметност во Софија- Р. Бугарија; Педагошка Психолошка Методска докфалификација.
РАБОТНО ИСКУСТВО / АВТОР
Mаргарита Симовска е млада современа уметница .Нејзиниот израз и идеја не подлежат во материјалот и техниката,туку во повеќе медиуми и намени .Има работно искуство во дигиталниот свет ,графички и веб дизајн, а во просторното опкружување се реализирала преку повеќе мурали, декоративни ѕидови , ракотворби и декорации и цртање на лице.Теоријата на уметноста таа ја надополнува преку процес на истражување на влијанието на формата и бојата со набљудување на природата,човекот и неговата внатрешност.
ДЕНЕС
Споделување на знаење и интерактивните методи се дел од нејзиното секојдневие.
Организира разни јавни работилници за возрасни и деца. Основач и куратор е на цртачки сесии “Цртаме АКТ “.