ДРАГИ НЕДЕЛЧЕВСКИ
ОБРАЗОВАНИЕ
Правен факултет, УКИМ - Скопје; Дипломиран правник
АВТОР И ИСКУСТВО
Активен и плоден фотограф. Во 1980 година е еден од основачите на Фото кино студиото во Домот на културата во Тетово, додека во 2003 год. е дел од основачите на популарната Фото група „Чкрап!“.
Автор е на неколку самостојни изложби меѓу кои и фото есејот „ЖИВОТ ВО КУТИЈА“, изложба која беше прикажана во Скопје, Прилеп, Белград, Сараево и Берн (Швајцарија).
Како фотограф, учествувал на повеќе домашни и меѓународни изложби на фотографија каде е наградуван повеќе пати.
Коавтор е на монографијата „ЖИВОТ ВРЕДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ“ и еден е од основачите на Creative Exchange, група на фејсбук која разменува креативни содржини меѓу дизајнерите, фотографите, типографите и сите креативни луѓе во Македонија.
Неделчевски е веќе седма година ментор и предавач на програмата "Курс по фотографија", во организација на „Џолев и Уметностите“.
ДЕНЕС
Фотограф и ментор / предавач по фотографија во СКАЛА School.