
Георгиј Голабоски
ОБРАЗОВАНИЕ
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), насока примена на е-технологии
РАБОТНО ИСКУСТВО
Повеќегодишно „фриленс“ и професионално искуство во развивање на WordPress-проекти за голем спектар на странски и домашни клиенти со фокус на е-трговија, вклучувајќи тренинг и подготовка на клиентите за понатамошно самостојно користење на WordPress. Примарно е фокусиран на Front-end, Progressive Web Apps и UX, но своето професионално работно искуство го надополнува со работа во областа на графичкиот дизајн, веб и видео анимација, принт и адвертајзинг.
Покрај работните ангажмани како програмер и дизајнер, активен е во ИТ-заедницата како волонтер на WordCamp Skopje 2018 и организатор на WordCamp Skopje 2019.
ДЕНЕС
Фриленсер и активен член на WordPress-заедницата во Македонија.