КАТЕРИНА ТОШЕВА
ОБРАЗОВАНИЕ
УСО Кочо Рацин
-Конфекциски моделар
Академија Џолев и уметностите
-Моден дизајн
ЦСОО и ЗК
-Ментор Обучувач на наставници и ученици во стручно образование
РАБОТНО ИСКУСТВО / АВТОР
Модно Студио ЛЕ-ТЕ официјално започнува со својата работа во 2006 година. Неофицијално започнува во 1996 година и посветено работи на конфекциско производство и изработка по нарачка на машка и женска облека. Во 2010 година нуди готов производ со класичен изглед . По завршување на Академијата за Моден дизајн во 2018 г. ја лансира првата колекција "Огледало", и во 2019 г. ја лансира колекцијата за накит "НОЌНИ ЛИСЈА" која промотивно е создадена по повод отварање на онлајн продавница. Од 2019 г. насочено работи на 2Д и 3Д дигитално конструирање и прототипирање во модната и текстилната индустрија. Зад себе остава многубројни успешно реализирани проекти во делот на костимографија, прототипирање и иновации, дизајн за Бренд нарачки, техничка поддршка и контрола во производство, Консултации и обуки. Голем дел од проектите се успешно реализирани со онлајн работа и комуникација за Англија, Австралија, Америка, Холандија, Израел и Индија.
ДЕНЕС
Моден дизајнер во "Модно Студио ЛЕ-ТЕ", Продукт дизајнер во "BRUMMELL", Моделар и Техничар во "BELLA", 3Д дизајнер во "Virtuality.Fashion"