НЕБОЈША ВИЛИЌ
ОБРАЗОВАНИЕ
Додипломски студии на ННСГ за историја на уметноста со археологија, Филозофски факултет при УКИМ во Скопје; Постдипломски и докторски студии на Катедрата за модерна уметност, Философски факултет при Универзитетот во Белград Докторска дисертација на тема „Предметот во уметноста на 20-тиот век“. Философски факултет при Универзитетот во Белград
РАБОТНО ИСКУСТВО
Неговиот професионален интерес варира од уметничка критика, преку теоријата на уметноста, до теориски толкувања на дигиталните уметности и положбата на културите на третиот свет.
АВТОР
Автор на повеќе од 170 текстови, 16 книги и уредник на други 8. Организирал повеќе од 50 изложби во Македонија и во странство и учествувал на повеќе од 30 меѓународни симпозиуми. Член e на неколку одбори на проекти поврзани со локалните и регионалните културни политики.
ДЕНЕС
Редовен професор на УКИМ во Скопје [Факултет за драмски уметности и Факултет за ликовни уметности].