САРА АНАСТАСОВСКА
Дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности - Скопје, во класата на проф. Зоја Бузалковска.
Била дел од актерската екипа на значајни македонски ТВ серијали, меѓу кои "Фамилија Марковски", "Преспав", "Пет плус фамилија", како и во "Ефектот на среќата", игран филм на Борјан Зафировски.
Учествувала на повеќе значајни домашни и интернационални актерски работилници, со фокус методи од Харолд Гускин, Гротовски, Мејерхољд, Мајснер, Станиславски...
Денес активно учествува како ментор и предавач во повеќе едукативни и педагошки програми за деца од драмски карактер.
ДАРИЈАН ПЕТРОВ
Дипломирал актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Скопје, во класата на Мето Јовановски.
Од својата втора академска година активен е на професионалната и алтернативна театарска сцена во Македонија.
Награден е со две интернационални награди за улогата во "Дони Дарк" (Театар Комедија, Скопје) на "Заплет", Босна и Херцеговина и на "Актерот на Европа", Македонија.
Сезоната 2019/2020 има две активни претстави на репертоарот на Театар Комедија, Скопје и една на репертоарот на "Faruk Begolli", Приштина ("Актер-човек").
Од февруари 2020 тој е едукатор за драма во "Џолев и Уметностите".