СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ
ОБРАЗОВАНИЕ
Факултет за драмски уметности, УКИМ, Скопје –Драмски aктер (додипломски студии); Државен Конзерваториум - Истанбулски Универзитет -Драмски актер (мастер студии); Институт за социјални науки - Истанбулски Универзитет - Радио, ТВ и кино (докторски студии).
РАБОТНО ИСКУСТВО / АВТОР
Слаѓана има децениско искуство како актер во театарски претстави во независни и државни театри, кратки и долгометражни филмови, ТВ-серии и анимирани проекти. Таа е едукатор по актерска игра, сценски говор и сценски движења во уметничките школи Sahnebaz, Hata Yapım Atölyesi и Entropi Sahne во Истанбул. Работи како актерка во Турски театар -Скопјe и е демонстратор по предметите Сценски говор и Техника на глас на ФДУ -Скопје. Таа е организатор и тренер на домашни и интернационални работилници по техниката „Михаил Чехов“ и основач на организацијата за уметност и едукација „Ветра арт“ -Скопје.
НАГРАДИ
Награда за млада актерка, за ликот на Хелена во претставата „Сон на летната ноќ“ во изведба на Турски театар -Скопје. Доделена од жирито на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, јуни 2015. Лауреатот македонска Жена на годината 2022 - признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување.
ДЕНЕС
Македонска театарска, филмска и ТВ-актерка со интернационална кариера. Актерка во претставата „Бела фигура“ во Турски театар и независниот проект „Подготвено“ во режија на Дејан Спасовиќ. Програмски директор на „Скомрахи 2023“ (Интернационални студентски средби на ФДУ-Скопје). Организатор и тренер на театарски и филмски работилници во „Ветра арт“ -Скопје.