ТАМАРА
КОТЕВСКА
ОБРАЗОВАНИЕ
Факултет за драмски уметности, УКИМ - Скопје; Филмска и ТВ-режија.
АВТОР
Котевска (во соработка со Љубомир Стефанов) помина три години снимајќи го документарниот филм, Медена земја (2019) за пчеларката Хатиџе. Медена земја освои три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и доби две номинации на 92-то издание на Оскар;
Котевска и Стефанов претходно работеле заедно и на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017);
Меѓу другото е авторка и на документарниот филм, Studants/Студантс (2016), дипломски филм на ФДУ Скопје, сниман во САД (прогласен за најдобар Балкански документарен филм - 2017;
Добитничка е на голем број значајни интернационални филмски награди за сите нејзини филмски остварувања.
ДЕНЕС
Во пред-продукциски активности за нејзиниот дебитантски игран филм „Човек против јато“.