Академија за графички дизајн | SKALA

МЕНТОРИ

11

НЕДЕЛИ

40

ЧАСОВИ

320

+ПРАКСА

120

ПРЕДМЕТИ

СЕМЕСТАР I

ЕСТЕТИКА И ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН

МЕНТОР: НЕБОЈША ВИЛИЌ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • УМЕТНОСТ И ВИЗУЕЛНА КУЛТУРА: ОСНОВИ ПОИМИ И ДЕФИНИЦИИ;
  • ИСТОРИЈАТА НА УМЕТНОСТА КАКО НАУЧНА ДИСЦИПЛИНА:
  • МЕТОДОЛОГИИ, ПРИСТАПИ;
  • ФОРМАЛНА И КОНТЕКСТУАЛНА АНАЛИЗА;
  • МОДЕРНА И СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ;
  • ОПШТЕСТВЕНАТА УЛОГА НА УМЕТНОСТА.
    • ПРЕГЛЕД НА ПОЈАВАТА И ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА ЕСТЕТИЧКИТЕ ИДЕИ;
    • ЕСТЕТИКАТА КАКО САМОСТОЈНА ФИЛОСОФСКА ДИСЦИПЛИНА ВО 19 ВЕК;
    • НОВИТЕ ПРАВЦИ ВО РАЗБИРАЊЕТО НА ЕСТЕТИКАТА ВО 20 ВЕК;
    • СОВРЕМЕНИТЕ РАЗБИРАЊА И ДИСКУРЗИВНОСТА НА ЕСТЕТИКАТА ВО СВЕТСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ТВОРЕЧКА ПРАКСА.

ЦРТАЧКИ И СЛИКАРСКИ ТЕХНИКИ

МЕНТОР: ДОРОТЕЈ НЕШОВСКИ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ЦРТАЧКИ ТЕХНИКИ: МОЛИВ, ЈАГЛЕН, ПАСТЕЛ;
  • СЛИКАРСКИ ТЕХНИКИ: ЛАВИРАН ТУШ, АКВАРЕЛ, АКРИЛ;
  • ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ТЕХНИКИ.

ФОТОГРАФИЈА

МЕНТОР: ДЕЈАН ЏОЛЕВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ИСТОРИЈА И ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА;
  • ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФОТО-КАМЕРА;
  • ФОТОГРАФСКИ ДИСЦИПЛИНИ;
  • ФОТОГРАФСКИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ;
  • ФОТОГРАФСКО ОСВЕТЛУВАЊЕ;
  • КОНЦЕПТ И МЕТОДОЛОГИЈА.

ПОСТПРОДУКЦИЈА / ADOBE Photoshop

МЕНТОР: ДЕЈАН ЏОЛЕВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ADOBE PHOTOSHOP;
  • ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ;
  • ТЕОРИЈА НА БОЈА;
  • ВОВЕД ВО ЕСТЕТИКА;
  • ПОСТПРОДУКЦИЈА НА ФОТОГРАФИЈА;
  • МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА;
  • ПРИМЕНЕТА ФОТОГРАФИЈА.

ИЛУСТРАЦИЈА / ADOBE Illustrator

МЕНТОР: ЗОРАН КАРДУЛА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ADOBE ILLUSTRATOR;
  • ТИПОВИ НА ИЛУСТРАЦИЈА;
  • КАРАКТЕР ИЛУСТРАЦИЈА;
  • КОРПОРАТИВНА ИЛУСТРАЦИЈА – ЛОГО;
  • ПOСТЕР ДИЗАЈН;
  • ДИЗАЈН НА КНИГА.

ТИПОГРАФИЈА / ADOBE InDesign

МЕНТОР: ВЛАТКО РИСТОВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  •  КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПИСМА;
  • ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ;
  • LAYOUT (УРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТ);
  • ТИПОГРАФИЈА ВО АДВЕРТАЈЗИНГ;
  • ЛОГО И ЛОГОТИП;
  • КАЛИГРАФИЈА.

СЕМЕСТАР II

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

МЕНТОР: ВЛАТКО РИСТОВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ADOBE PHOTOSHOP/ILLUSTRATOR/INDESIGN;
  • ТИПОГРАФИЈА;
  • ДИЗАЈН НА ПОСТЕР;
  • ЛОГО;
  • ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ;
  • ДИЗАЈН НА АМБАЛАЖА;
  • AДВЕРТАЈЗИНГ.

МЕТОДОЛОГИЈА НА ДИЗАЈН

МЕНТОР: ГОРДАНА ВРЕНЦОСКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ДИЗАЈНОТ КАКО СИСТЕМ И ДИСЦИПЛИНА;
  • МЕТОДИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРАКТИКИ;
  • ДИЗАЈН ПРОЦЕСИ;
  • ПРИМЕНА НА ДИЗАЈН МЕТОДОЛОГИЈА.

UX/UI ДИЗАЈН / FIGMA

МЕНТОР: АНДРЕЈ СТАМЕВСКИ

ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ

МЕНТОР: ПЕТАР ПАВЛОВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ;
  • СТРУКТУРА И ПРОЦЕС НА ДИЗАЈН;
  • РАЗВОЈ НА КРЕАТИВЕН КОНЦЕПТ;
  • ДИЗАЈН ГИМНАСТИКА.

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

МЕНТОР: ДЕЈАН ЏОЛЕВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ПЛАТФОРМИ;
  • ОПТИМИЗАЦИЈА;
  • ДИГИТАЛ МАРКЕТИНГ.

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПЕЧАТ

МЕНТОР: АЛЕКСАНДАР НАУМОСКИ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ТЕХНИКИ И ПОДГОТОВКА НА ПЕЧАТ;
  • ДИГИТАЛЕН ПЕЧАТ;
  • ПАНТОН ПЕЧАТ;
  • ОФСЕТ ПЕЧАТ.

КАРИЕРА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

МЕНТОР: КРСТО ЗЛАТКОВ + КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ЛИЧЕН БРЕНДИНГ, ПР И ПРОМОЦИЈА;
  • ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ;
  • СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ;
  • БИЗНИС-МОДЕЛИ;
  • СТАРТ-АП;
  • МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА
  • ПОИМ ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ;
  • УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН;
  • УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ПАТЕНТ.
  •  

МЕНТОРИ

Петар Павлов
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА БРЕНД И ДИЗАЈН НА ПАКУВАЊЕ

Влатко Ристов
АРТ ДИРЕКТОР
New Moment New Ideas Company

Александар Наумоски
HEAD OF CREATIVE
Ovation BBDO

Кристина Крагујевска
АДВОКАТ, ПРАВЕН ЕКСПЕРТ
Konrad Partners

Зоран Кардула
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР / ИЛУСТРАТОР
УМЕТНИК

Небојша Вилиќ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.
Факултет за ликовни уметности

Доротеј Нешовски
ЛИКОВЕН УМЕТНИК
ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР
Младински Културен Центар
Андреј Стамевски
UX/UI DESIGNER
Moderm Marketing
Гордана Вренцоска
ДЕКАН / ПРОФЕСОР
Факултет за арт и дизајн

Дејан Џолев
ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР
УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР
Скала
Крсто Златков
ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР
Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

  • Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација [тука]
  • Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да се договориме за термин [тука]

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ И КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?

Фондот на часови и физичкото присуство се од особена важност за квалитетот на образованието. 

СЕКОЈ СТУДЕНТ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ ДАЛИ ПРОГРАМАТА ЌЕ ЈА СЛЕДИ:

Со физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел);

На комбиниран начин (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

ФОНД НА ЧАСОВИ: 

Можеби сте се запрашале зошто нашата Академија за графички дизајн е најскапата на локалниот пазар. Една од причините е токму поради најголемиот фонд на часови од вкупно 360 часа настава и 120 часа пракса. Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно, а трае 10 месеци. 

ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ПРЕДЗНАЕЊЕ И ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА АКАДЕМИЈАТА?

Никогаш не одбирај професија само според трендовите на пазарот. Вистинската среќа и успех доаѓаат кога ќе се посветиш на онаа професија којашто навистина ја сакаш. Кога ќе одлучиш за тоа, сакаме да знаеш дека ова е вистинската академија за тебе!

  • За лица (без искуство) кои сакаат да се преквалификуваат со цел да започнат кариера како графички дизајнери;
  • За лица (со искуство) кои сакаат да ги усовршат своите знаења во областите на графички дизајн, фотографија, илустрација, типографија, методологија на креирање;
  • За сите оние кои сакаат да се развиваат во креативна заедница со цел почеток на кариера во креативните индустрии. 

ШТО ЌЕ НАУЧАМ НА АКАДЕМИЈАТА?

Академијата за графички дизајн е 10–месечна темелна програма којашто им овозможува на студентите да се стекнат со практични знаења и вештини преку нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и долгогодишни професионалци од креативните индустрии.

  • ВЕШТИНИ: Академијата ќе ти помогне да ги совладаш од технички и креативен аспект трите основни визуелни медии: типографија, илустрација и фотографија, според ликовните елементи и принципи, со цел нивно комбинирање, што во суштина и претставува графички дизајн. 
  • АЛАТКИ: Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш креативни графички решенија, користејќи ги најпознатите дигитални софтверски алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и XD;
  • ПРИМЕНА: Ќе научиш како да создадеш визуелен идентитет (брендинг) за компанија, ќе научиш да дизајнираш амбалажа за најразличен тип на производи, ќе дизајнираш различен тип на графички решенија за маркетинг и адвертајзинг потреби: постери, корици за книгикниги, брошури…;
  • За секој дизајнер, задолжителна алатка е фотографија! Ќе ги научиш сите технички карактеристики на фото-камерата, светлосните тела и работата во студио, но и да работиш на фото-монтажи за потребите на графичкиот дизајн;
  • Ќе ги совладаш сите печатарски техники и дигитални подготовки и адаптации;
  • Елементарно познавање од ui-ux дизајн;

ЗАКЛУЧОК: Оваа академија, едноставно ќе те подготви да се усовршиш и започнеш кариера како графички дизајнер.

КАКО СЕ СЛЕДИ ПРОГРЕСОТ НА СТУДЕНТИТЕ И КОИ СÈ ДРУГИ АКТИВНОСТИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА СТУДИРАЊЕТО?

  • ОПРЕМА И УСЛОВИ: „Скала“ е единствената Школа којашто им овозможува на студентите постојана достапност до: современо фото и видео студио со техничка опрема за работа, технолошка лабораторија со таблети за цртање и 3Д–принтери, современо фото и видео студио со техничка опрема за работа,  цртачко и сликарско ателје и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје;
  • ИСПИТНИ СЕСИИ: Академијата има развиено свој унифициран систем на вреднување. Проектните задачи се презентираат на испитните сесии коишто се одржуваат на крајот од првиот и крајот од вториот семестар пред менторите од програмата. Севкупниот прогрес и напредок на секој студент се класифицира во една завршна единица.
  • АНАЛИЗА: Дополнително, во рамките на еден семестар се организираат посебни часови за анализа на тековните активности и дополнителни менторски сесии во зависност од тоа како напредува групата и секој студент поединечно.
  • СКАЛА МАГАЗИН: Секој студент има можност за време на студирањето да биде дел од еден голем систем и структура во редакциските тимови и да стекне практично искуство во креативниот сектор на „Скала магазин“ – платформа за дизајн и визуелни уметности [погледни повеќе]
  • РАБОТА СО КЛИЕНТИ: Една од значајните предности на „Скала" е нејзината тесна врска со креативните индустрии. Во текот на студирањето, студентите имаат привилегија да работат на проекти креирани од страна на компании или да аплицираат на конкурси коишто се достапни само во рамките на академијата. За сите овие активности, студентите добиваат парична награда.

ШТО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА?

  • ПОРТФОЛИО: Секој студент на крајот од академијата изработува портфолио каде што се опфатени највреднуваните дела и креативни решенија од предметите;
  • ПРАКСА + ВРАБОТУВАЊЕ: Секој студент го презентира своето портфолио на завршен настан пред избрани компании од креативните индустрии (маркетинг и адвертајзинг агенции, дизајнстудија, видео и фотопродукции…) со цел поврзување на студентите со индустријата и овозможување на дополнителна пракса и вработување;
  • ДИПЛОМА И УВЕРЕНИЕ: Секој студент добива диплома и уверение во коешто се опфатени сите предмети и финалната оцена согласно претставениот систем на вреднување, но никогаш не заборавај дека твојата потреба е знаење и искуство, сертификатите во креативните индустрии се хартии без практична вредност;
  • ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА: Дипломите и уверенијата се доделуваат на завршна изложба каде што секој студент ги изложува своите изработени вежби и практични проекти од Академијата.

КОИ СЕ ОПЦИИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ?

Твојата желба за студирање е наш приоритет, затоа сме подготвени да ги прилагодиме опциите за плаќање според твоите потреби. Имаме различни алтернативи на располагање за да ти го олесниме финансискиот план:

  • Заштеди: Месеците јуни и јули се дел од нашиот ран уписен рок, оваа понуда е за 400€ пониска во споредба со редовната цена;
  • Попуст за еднократно плаќање: Доколку одлучиш да го платиш целиот износ одеднаш, добиваш дополнителен попуст од 100€;
  • Флексибилни опции за рати: Можеш да го поделиш плаќањето до 20месечни рати, без дополнителни трошоци и камати;

Аплицирај за стипендија: Секоја година доделуваме стипендии за академските програми на кандидати со и без претходно искуство од дејноста за којашто аплицираат. Повикот е отворен, аплицирај веднаш [тука].

Сѐ уште размислуваш дали Академијата за графички дизајн е правилниот избор за твоите професионални цели?

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
40 активни недели
320 часа [настава]
120 часа [пракса во компанија]

ПОЧЕТОК НА НАСТАВА: 14.10.2024
КРАЈ НА НАСТАВА: јули 2025
ПРАКСА: лето 2025
ИЗЛОЖБА: септември 2025

ОДРЖУВАЊЕ:
4 ДЕНА НЕДЕЛНО

ТЕРМИН: ПОЧЕТОК: 17:00ч.

ТИТУЛА:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

МОЖНОСТ ЗА КАРИЕРА:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
МОУШН ДИЗАЈНЕР
ВЕБ ДИЗАЈНЕР
ИЛУСТРАТОР
ФОТОГРАФ
АРТ ДИРЕКТОР
ПРЕТПРИЕМАЧ ВО КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ:
AПЛИКАЦИЈА ЗА 100%, 50% и 30% СТИПЕНДИРАЊЕ

Секоја година доделуваме стипендии за академските програми на кандидати со и без претходно искуство од дејноста за којашто аплицираат. Повеќе информации за начините на аплицирање и системот на вреднување можете да прочитате во самата апликациска форма.
Повикот е отворен во текот на целата година, а евалуациите на кандидатите и доделувањето на стипендиите се организира во текот на јуни и септември.

ЦЕНА: 2.450 € | 320 ЧАСА | + 120 ЧАСА ПРАКСА

ЦЕНИ СО ПОПУСТ ЗА РАНИ УПИСИдо 15 мајпопустдо 15 јунипопустдо 15 сеп.попустдо 15 окт.попуст
Уплата до 20 рати без камата2.050€-400€2.150€-300€2.350€-100€2.450€/
Во готово1.950€-500€2.050€-400€2.250€-200€2.350€-100€

ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКИ | АЛУМНИ СМЕТКА

*Со секоја препорака од наш тековен или поранешен студент добивате дополнителни 50€ попуст.

**На секој наш студент по завршување на академијата му се отвара Алумни сметка со почетно салдо од 50€, со можност за неограничено надополнување и користење. Повеќе тука.

ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

Вренцоска-скала-академија-дизајн

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС- Училните полни!

ноември 2, 2023

На 16 октомври започна новата учебна година! Првиот aкадемски час го следеа +100 студенти на aкадемиите за дизајн во „Скала“. Професионалниот развој на новата генерација студенти започна со основите на естетиката и теоријата

Прочитај повеќе
изложба-скала-џолев-академии-глас-на-новата-сцена

Најголемата студентска изложба за дизајн!

октомври 26, 2023

На 13 октомври се случи финалната изложба на студентите од aкадемиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, како и Академијата за UX/UI-дизајн при „Скала“ -Школата за

Прочитај повеќе
пракса џолев скала академија за графички дизајн

На пракса во „Скала“ – не ми се веруваше!

октомври 12, 2023

Нашите студенти се активно вклучени во работни активности. Голем број од овогодинешните студенти сè уште посетуваат пракса кај наши долгогодишни соработници, а дел од студентите праксата ја искусуваат во склоп

Прочитај повеќе
стипендистите-ве-повикуваат-на-стипендии-скала-џолев

Стипендистите ве повикуваат на последен повик за стипендии!

септември 21, 2023

На првиот отворен повик за стипендии, за учебната 2023/24 год. доделивме 12 стипендии, од коишто 4 целосни и 8 делумни стипендии и тоа: Целосни стипендии:Елена Божиновска, Академија за UX/UI+ дизајн;Стефан

Прочитај повеќе
поткаст-студент-вс-ментор-академија-за-графички-дизајн-скала-џолев-немања-пејиќ-гордана-вренцоска

Поткаст: Студент VS. Ментор [Е01] // Немања Пејиќ VS. Гордана Вренцоска [Графички дизајн]

август 30, 2023

Студентите испрашуваат - менторите одговараат! „Студент VS Ментор“ е нашата нова видео-рубрика, каде што студентите на SKALA School [поранешно „Џолев и уметностите“] имаат можност да поразговараат еден на еден со

Прочитај повеќе
студентски-осврт-применета-фотографија-постер-академија-за-графички-дизајн-скала-џолев

Ќе може ли една порција микропластика и чаша вода?

август 15, 2023

Ви споделуваме дел од искуството на студентите од Академијата за графички дизајн низ разговорот со Валентина Ѓорѓиева, Давид Пачемски, Цветанка Стоилова и Александар Сандов кои соработуваа во рамките на проектот

Прочитај повеќе

Ако сакаш да го надоградиш своето знаење, Академијата за графички дизајн е одличен избор. Те очекуваме!