Азбука на Моден Дизајн со Никола Ефтимов
Официјалното и единственото писмо на поими на Никола Ефтимов. Ментор на предметите Вовед во моден дизајн, Историја на мода и Модна колекција на Академијата за моден дизајн.
А • Ампир, но и антерија.
Б • Брокат, ткаенина што умее да раскаже многу возбудливи приказни.
В • Вионе [Madeleine Vionnet], кралицата на кроењето на косо.
Г • Гре, Мадам Гре [Madame Grès], ја преведе античката драперија од скулптура во облека.
Д • Дали [Salvador Dalí], поради Скјапарели [Elsa Schiaparelli].
Ѓ • Ѓерѓеф.
Е • Еколошка мода.
Ж • Животот ѝ го посветив на модната едукација.
З • Зулендер [морав].
S • Ѕиври кога студи, ич да не му ја мислиш.
И • Италија, поради поетичната префинетост [не само во модата] и моите мастер студии.
Ј • Јаток.
К • Кринолина, романтичем хир што ја дефинираше женската силуета на средината на 19-от век и предизвика недолжни жртви.
Л • Луј XIV [сѐ е кажано, а можеби и не].
Љ • Љубителка на егзотични парфеми.
М • Макарони, не за јадење [ги изедов], туку како помодната „банда“ Англичани од втората половина на 18-от век.
Н • Неглижето од свила и небула велот [постои], го сторија своето. Луѓето се разбегаа од страв.
Њ • Њоки здолниште [сега го измислив].
О • Опасни врски, филм од 1988-та година [Dangerous Liaisons, Stephen Frears], поради костимите [и не само] ♥
П • Пурпур, но и панк.
Р • Реи Кавакубо [Rei Kawakubo; Comme des Garçons].
С • Светлосен одблесок на парчето свила.
Т • Тартан, но и тантела [особено белгиската].
Ќ • Ќудлив нарав има модата, а те тера и ќесето да го одврзуваш.
У • Улава модна жртва и Улав I Тригвасон [Olav I Tryggvason, поради Викизите].
Ф • Фортуни [Mariano Fortuny y Madrazo], поради генијалната и темелна игривост.
Х • Хабутаи/Хаботаи.
Ц • Цевка здолниште, да не пукнеш.
Ч • Чанта.
Џ • Џинс.
Ш • Шал за различни шии [би сакал повторно да почнам од буквата А].
Пријавувањето за новата учебна 2019/20 е во тек. Прочитајте повеќе информации за програмата и менторите на Академија за моден дизајн.