Школата за дизајн и уметност продолжува да работи со најмладите
Програми за ученици од 7 до 13 годишна возраст.
Драги родители: Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет. KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикне креативноста, го мотивира критичко размислување и социјална комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.
Драги деца: Големиот сликар Пабло Пикасо нè потсетува дека секој од нас е уметник! Ние не ја бираме нашата професија, туку таа нè одбира нас, а ние мораме да останеме доследни и верни на сопствените желби и таленти. И секако не заборавјте дека и уметноста се учи или сигурно ќе се сетите на советот на вашите родители : „десет проценти талент, девеесет проценти посветеност“.
ДРАМСКА СЕКЦИЈА
Сара Анастасовска [дипломиран драмски актер]
Драмската програма се состои од запознавање со актерската игра, преку вежби, етиди, импровизации, драмско читање и анализа, создавање на лик и претстава, вежби за опуштање, зближување, тимска работа и спријателување.
Со цел елементарно запознавање на актерската игра, градење на самодоверба, развивање на емпатија и разбирање, снаодливост во решавањето на било каков проблем, развивање на навики, комуникациски вештини, креативен и интелектуален развој, преку игри и актерски задачи.
ЛИКОВНА СЕКЦИЈА
Доротеј Нешовски [дипломиран скулптор и педагог]
Ликовната секција се состои од запознавање со ликовната уметност, преку цртачките, сликарските и вајарските техники, преку забавни, практични и стимулативни методи на работа со искусни педагози специјализирани во полето на ликовните уметности.
Со цел елементарно запознавање на ликовната уметност, стекнуваат навики, дисциплина и грижа за сопствениот работен простор, развивање на нови начини на изразување и стимулирање на личната љубопитност, комуникациски вештини, креативен и интелектуален развој, преку игри и задачи.
Пријавувањето за програмите е во тек!
Почетокот на наставата е закажана за 11ти ноември.
Бројот на учесници е ограничен.
>> ПРИЈАВУВАЊЕТО за некоја од програмите се реализира преку електронска пријава.
Локација на одржување: Центар (Јавна соба)
Контакт информации: 071 240 598