Запознајте ги менторите на Академијата за графички дизајн
Запознајте ги менторите на Академијата за графички дизајн

Запознајте ги нашите ментори на Академијата за графички дизајн!

Секој од нив има што да раскаже за својата дизајнерска патека, но за да ви ги приближиме нивните карактери и успеси, најдобро е да ви пренесеме што значат овие луѓе во креативната заедница и кои се нивните професионални достигнувања.


Ви ги претставуваме нашите ментори на Академијата за графички дизајн.

Гордана Вренцоска


Гордана Вренцоска е дипломирана сликарка и уметница со широк распон на креативните крилја. Таа е основач и претседател на Македонскиот совет за дизајн. Автор е на познатиот плакат за Скопскиот џез фестивал во 2002 година и визуелниот идентитет за Скопскиот филмски фестивал во 2008. Ја доби престижната стипендија Чивнинг, каде магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design.

Во 2014 доби и реномиран грант за уметници од фондацијата Pollock-Krasner, Inc. од Њујорк. Победничка е на натпреварот за дизајн на шапка кој го распиша британската компанија за чај, Тwinings. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, како и на книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“. Изложувала свои дела во многу европски и светски градови.

Редовен професор е по визуелна уметност и дизајн и деканка на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

Зоран Кардула


Зоран Кардула е графички дизајнер и сликар кој неуморно ги пофаќа сите локални и светски историски мигови и создава од нив различни креативни приказни. Иако по професија е електроинженер, Зоран никогаш не ја работи оваа работа – се посветува на сликарството, а подоцна и на дизајнот, графиката и создавањето постери.

Тој е „моторната сила“ во креирањето на изгледот на познатиот бренд часовници Swatch инспириран од македонската поетска слика за Дениција, или „Своч на кирилица“. Работел преку 20 години во познатата маркетинг агенција Публицис, а изложувал во Америка и во Европа свои дела. Неговата најпозната изложба е „Изложба без жири“, поставка на 40 дела со редизајн на симболите од поранешна Југославија.

Издаде и книга со измислениот јазик на ќерка му Ерато, наречена „Гуш и бац“, а годинава беше активен со изложбата во Крушево, каде постери инспирирани од серијалот „Војна на ѕвездите“ во контекст на Македониумот беа доста популарни кај публиката.


Дејан Џолев


Човек што прави сè и насекаде. Главна и движечка сила, или како што би рекол Драги (Неделчевски) – Spiritus Movens во Скала Магазин, како главен и одговорен уредник. Мултидисциплинарен и во вечна потрага по нови идејни решенија за подобра уметничка сцена и развој на образованието.

Дејан Џолев можеби го знаете од подкастот „Будење“ или како фотограф кој не фотографира 😊
Освен што е визуелен уметник, тој е и филмски режисер по вокација и интуиција. Креативец кој градел искуство во повеќе маркетинг и адвертајзинг агенции.

Дванаесет години е ментор во неформалното образование од областа на фотографија и филм. Основач и сопственик на „Скала“ [поранешно „Џолев и уметностите“] Школата за дизајн, уметност и технологија, која една деценија создава нови скалила на развој кон креативните индустрии.

Тој е уметник со многу свои претставувања од различни дела дома и во странство. Последна фотографска изложба му е „Тркалезни форми”, поставена во Галерија Прима Центарот во Берлин, Германија.

Влатко Ристов



Влатко Ристов е дипломиран графички дизајнер, а денес е арт директор во маркетинг агенцијата New Moment New Ideas Company. Влатко е ѕвер кога е во прашање работа на стратешки патеки – тој е одговорен за креирање на најзначајните кампањи за најголемите локални и светски брендови на македонскиот пазар.

Неговата силна желба за цртање и графити арт го „води“ токму до она што е денес, а тоа е мултидисциплинарен артист. Во неговото творештво се забележителни комбинирани ликовни техники, а разноликоста во дизајнот (графички, моден и дизајн на ентериери) го прават повеќесложен креативец.

Редовен предавач во Скала [Школата за дизајн и уметност], пасиониран велосипедист и активен уличен графити- артист.

Петар Павлов


Петар Павлов е стратешки дизајнер, специјализиран во областа на развојот на бренд и дизајн на пакување. Но, и танго танчер. Студирал на Академија Италијана, а уште пред да дипломира, веќе бил активен во маркетинг агенцијата McCann. По неколкугодишно искуство и работејќи со клиенти како Coca Cola, Bacardi, Nestle, Raiffeisen, тој станува витален дел од агенцијата, станувајќи креативен директор.

Работел со иновативни стартапи, компании, претприемачи, но и во различни индустрии и агенции.

Тој е креатор на познатата платформа и фејсбук група Creative Exchange која бележи огромна посетеност и корисничка активност, придонесувајќи за подобрување и проширување на креативната размена на знаења во Македонија.

Активен фотограф, кој „лови“ секојдневни и несекојдневни мигови на светската мапа. На часовите секогаш пристигнува од друга часовна зона.


______


Упатуваме и поздрав до останатите ментори без кои не би била комплетна оваа листа! Тука се Крсто Златков, Небојша Вилиќ, Александар Наумоски, Доротеј Нешовски, Кристина Крагујевска и Дејан Милосавлески.

Ние сме Академија со најголем фонд на часови и најобемен тим на ментори.




Уписите за дрим тим Академијата за графички дизајн се во тек! Информирајте сѐ повеќе за програмата, менторите и начинот на одржување: тука.