
ИГОР ГЕОРГИОСКИ
SENIOR WEB DEVELOPER, DESIGNER AND CO-OWNER OF QODIX AND LINARA PRODUCTION.
ОБРАЗОВАНИЕ
Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), Битола Додипломски студии - Kомпјутерски науки и инженерство.
РАБОТНО ИСКУСТВО
Сениор веб-програмер, дизајнер и scrum master. Својата кариера ја започнува како UI/UX дизајнер, но набргу се пренасочува кон веб-програмирање и менаџмент на проекти. Покрај програмирањето, негова пасија е и јавното говорење, видеографијата, организирање и учества на хактони и конференции. Има учествувано на вкупно 18 хакатони, каде што освен искуството за изработка на брз прототип на апликации, се стекнува со многубројни тимски и индивидуални награди од коишто најзначајни се освоеното прво место во Монтреал, Канада и второ место на хакатон во Москва, Русија. Пасијата кон видеографијата придонесува неговите видеа да се дел од кампањи за промоција на туризмот во Северна Македонија, како и освоени награди на MyRodeReel како асистент на камера. Во своето досегашно искуство има и неколкугодишна континуирана работа како ментор по програмирање.
ДЕНЕС
Косопственик и главен оперативен директор (COO) во Кодикс ин. Косопственик на Линара Продукција.