Важноста на networking-от и успехот на студентите од Академијата за Ux/Ui+ дизајн
академија за ux ui дизајн-графички дизајн-вработување-пракса-студенти-ментори-скала-џолев

Важноста на networking-от и успехот на студентите од Академијата за Ux/Ui+ дизајн

2700 Comments off Инфо, кариера

Денес ви споделуваме убави вести од тројца наши студенти, како резултат на физичкото образование и познаствата на студентите и менторите. 


Зборувавме со Андреј Стамевски, Станка Џекова и Аника Радевски за кои студирањето во Скала се претворија во професионални соработки и клучни чекори во нивниот професионален развој.

За важноста на „нетворкинг-от“ во образованието поразговаравме со Андреј Стамевски наш студент од Академијата за UX/UI+ дизајн кој е косопственик на маркетинг агенцијата „Модерм“.

Во време кога дигиталната трансформација упростува многу процеси, треба да бидеме свесни дека човечкиот фактор е незаменлив особено во процеси на комуникација. Сите ние креативноста ја изразуваме на различен начин, а најкреативните идеи најчесто се раѓаат за време на средби и состаноци, кога разменуваме искуства знаења и вештини. Токму затоа сметам дека физичкото присуство и личните контакти се неопходни за остварување на долгорочна и продуктивна соработка.


Андреј, како претставник од маркетинг- агенцијата „Модерм“, беше дел од настанот „Саем на новата генерација“ којшто има за цел поврзување на студентите од „Скала“ со компании од креативните индустрии. Токму овој настан е почетокот на неговата соработка со Станка Џекова, негова колешка од Академијата за Графички дизајн.

Јас, како студент на Академијата на UX/UI+ дизајн бев запознаен со нивото на квалитетот којшто го нуди самата Академија. Освен стручното искуство, дополнителна придобивка од Академијата беше и networking елементот, благодарение на којшто ја запознав Станка. На покана на Skala School, присуствувавме на презентација на завршните проекти на студентите на Академијата за графички дизајн и визуелни уметности. Инспирирани од импресивните резултати на студентите и нивната пасија за дизајн, бевме сигурни дека ќе имаме соработка со некој од кандидатите, за наша среќа…Станка.

Станка успеа да ни долови како она си ги поминува практикантските денови и на какви идни проекти би сакала да се посвети како дел од „Модерм“.

Навистина сум задоволна од досегашното искуство на пракса, особено затоа што имаме прекрасна соработка. Областа во којашто работиме е нешто ново за мене, па ја имам можноста да истражам нова креативна територија. Најчесто работам на креирање објави за социјални медиуми, а бев и дел од неколку фотосесии.

Во иднина се надевам дека ќе ги проширам моите вештини и кон UX/UI дизајнот, со што ќе можам да се вклучам и во такви проекти.




„Модерм Маркетинг“ е единствена маркетинг-агенција којашто специјализира во здравствен маркетинг на овие простори. Како агенција којашто единствено соработува со медицински и фармацевтски компании, потребите во индустријата како и регулативите се малку поинакви од сè останато.

Колешка на Андреј беше Аника Радевски од Академијата за UX/UI+ дизајн која моментално е надворешен соработник во “Tivius”, агенција за дигитален маркетинг. Косопстевник на “Tivius” е нашиот ментор по WordPress, на академијата за UX/UI+ дизајн, Благој Ѓелевски кој го препознал потенцијалот во студентите започнувајќи соработка со нив. 

Еден од подрагите за нас а се надеваме и за нив проекти е редизајнот на веб страната на Скала, на којашто во моментов работи тимот на “Tivius” заедно со Аника. Возбудени за соработката ја прашавме Аника за нејзините досегашни импресии и искуство.

Како едно од моите први искуства во UX/UI кариерата оваа соработка ми е особено драга. Овој предизвик го гледам како синтеза на досегашното креативно искуство, посветеноста и знаењето што го стекнав на Aкадемијата. Се радувам на можноста да соработувам со тимот од професионалци на Tivius и секако ништо од ова не би било можно без ангажманот на академијата.


Tivius е дигитална маркетинг агенција, нивната приказна започна некаде декември 2014 година како проект на 4-ца млади ентузијасти кои работеа како во областите како: видео продукција, фотографија, веб дизајн, графички дизајн и маркетинг на социјални мрежи. Нивната мисија уште од почетокот била и останува создавање вредност за нивните клиенти т.е. аудио-визуелни содржини и маркетинг кампањи, кои ќе содржат креативни пораки, и ќе создадат уникатен белег за секој нивен клиент.


Им посакуваме уште многу успеси на нашите студенти и соработници кои ги охрабруваме да продолжат да нè радуваат со прекрасни вести! 

Честитки