Оглас за вработување | Скала
оглас-за-вработување-скала-џолев

Оглас за вработување

3210 Comments off Некатегоризирано


Придружи ни се во Скала(ленд) – најкреативната заедница во градот!

Во потрага сме за двајца нови талентирани соработници кои ќе се приклучат кон нашиот инспиративен тим и ќе ја надополнат позитивната работна атмосфера!

ПОЗИЦИИ:

  • Административен асистент;
  • Финансиски референт.


Отворен повик 1
Административен асистент

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Комуникација со странки, обработка на апликации и подготовка на договори за упис во школата;
  • Подготовка на договори и меморандуми на соработка за потребите на школата;
  • Подготовка на договори за внатрешни/надворешни соработници и консултанти во школата;
  • Директна соработка со административниот тим, редовна комуникација со тимот од настава, надворешните соработници и консултанти ангажирани во школата;
  • Логистичка поддршка при наставни активности во рамки на школата;
  • Менаџирање и архивирање на податоци, како и ажурирање на дата-бази на контакти.


Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
  • Способност за работа под притисок и работа во тим;
  • Напредни познавања на MS Office и Google Workspace;
  • Одлично познавање на англиски јазик.


Кои претходни искуства би те издвоиле?

  • Завршено високо образование од областа на правните науки, односи со јавност, менаџмент, маркетинг и други комуникациски студии.
  • Претходно искуство во граѓанскиот сектор, волонтерски активности во студентски и невладини организации (за предност се смета доколку тие организации директно биле вклучени во областа на образованието).


Дополнителни информации:
Работното време во „Скала“: од понеделник до петок, 10:00-18:00.
Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Административен асистент“ на [email protected] најдоцна до 20.1.2024 год.


Отворен повик 2
Финансиски референт

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Евидентирање и распоредување на трошоци поврзани со работењето;
  • Евиденција на приливи;
  • Изработка на фактури;
  • Изработка на финансиски извештаи;
  • Подготовка на документација и комуникација со сметководство;
  • Управување со финансиите на компанијата.


Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Организациски вештини и поставување на приоритети;
  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
  • Напредни познавања на MS Office (особено на MS Excel) и Google Workspace;
  • Одлично познавање на англиски јазик.


Кои претходни искуства би те издвоиле?

  • Завршено високо обрзование (Економски факултет) од областа на финансиски менаџмент и сметководство и ревизија;
  • Претходно работно искуство би се сметало за предност.


Дополнителни информации:

Работното време во „Скала“: од понеделник до петок, 10:00-18:00.
Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Финансиски референт“ на [email protected] најдоцна до 20.1.2024 год.